Куќа на Бектешовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Бектешовци
Prilep, Macedonia (FYROM) - panoramio (13).jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилнеокласицизам
ГрадПрилеп
Земја Македонија
Завршена1923
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектИло Дарков

Куќа на Бектешовци — стара куќа во градот Прилеп, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Куќата и училиштето на разгледница од 1920-тите.

Куќата е сместена во строгиот центар на градот, до основното училиште „Кочо Рацин“. Изградена е во 1923 г. на трошок од 2.000 наполеони од мајсторот Ило Дарков и неговата тајфа за богатиот прилепско трговец Петар Т. Бектеш(оски), кој само што се вратил од печалба во Америка. Подоцна комунистичката власт ја национализирала куќата, а по распадот на СФРЈ му е вратена на семејството.[1]

Претставува величествена двокатна градба во неокласичен стил.[1] Има голем број соби, голем салон и тавани со висина од 3,5 м. Главниот влез има коринтски столбови и широки мермерни скали, а дворот е ограден со кована железна ограда изработена од прилепски мајстори.[2] Во 2013 г. градбата е реставрирана по цена од 3 милиони денари обезбедени од Министерството за култура.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Талеска, Моника (22 мај 2012). „Куќа на Бектешовци - гордост на семејството“. Утрински весник. Посетено на 25 јануари 2017. Архивирано на 2 февруари 2017 г.
  2. 2,0 2,1 „Обновена фасадата на Куќата на Бектешовци во Прилеп“. build.mk. 16 мај 2013. Посетено на 25 јануари 2017.
  3. Талеска, Моника (16 мај 2013). „Обновена куќата на Бектешовци во Прилеп“. Утрински весник. Посетено на 25 јануари 2017. Архивирано на 2 февруари 2017 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]