Трајче Иваноски
Изглед
| Трајче Иваноски | |
|---|---|
| Роден(а) | 11 март 1945
Прилеп, ДФ Македонија, ДФЈ |
| Починал(а) | 19 декември 2021 (возр. 76) Прилеп, Македонија |
| Националност | Македонец |
| Занимање | глумец |
| Активен период | 1965 - 2021 |
| Познат(а) по | по улогите во: Солунски патрдии Авантурите на Итар Пејо Втора смена Бог да ги убие шпионите Илинден Волшебното самарче Неверство во зимска ноќ |
| Сопружник | Лидија Иваноска |
Трајче Иваноски (р. Прилеп, 11 март 1945 - Прилеп, 19 декември 2021 ) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 1965 година сè до пензионирањето во 2007 година работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој и по пензионирањето продолжува да биде активен во театарот. Покрај неговиот матичен театар тој гостувал и во други театри во Македонскиот народен театар, Драмски театар - Скопје и Народен театар Битола.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Иваноски има остварено бројни филмски улоги:[1]
| Година | Филм | Улога |
| 1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
| 1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
| 1977 | Итар Пејо ТВ-серија | |
| 1979 | Наши години ТВ-серија | Железничарот |
| 1980 | Оловна бригада ТВ-филм | |
| 1982 | Едно лето ТВ-серија | Економот |
| 1982 | Илинден ТВ-серија | |
| 1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
| 1984 | Белото Циганче ТВ-серија | |
| 1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
| 1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | |
| 1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Аџи Јанкула |
| 1988 | Втора смена ТВ-серија | |
| 1989 | Собирен центар ТВ-филм | |
| 1989-1991 | Еурека ТВ-серија | |
| 1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм | |
| 1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Затвореник |
| 1994 | Прекалени ТВ-серија | Дедото Марко |
| 1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
| 2001 | Прашина ТВ-филм | Овчар |
| 2003 | Лото, лото ТВ-серија | |
| 2004 | Неверство во зимска ноќ ТВ-филм | |
| 2006 | Тајната книга ТВ-филм | Прв гостин |
| 2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | |
| 2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
| 2010 | Царската е последна ТВ-филм | |
| 2012-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Мајстор Јонче |
| 2013-2014 | Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија | Кметот |
| 2014 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 2015 | Три во едно ТВ-филм | |
| 2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Таткото |
Награди
[уреди | уреди извор]- Прва награда на театарскиот Фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад глумец во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата“.
- Награда за најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа“ во режија на Бранко Гапо на Фестивал „Војдан Чернодрински“.
- Во 2003 година на меѓународниот Фестивал на комедија во Корча, Албанија, ја добил главната награда за најдобро глумечко остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“.
- Во 2011 година ја добиваа наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.
- Добитник е и на наградата „3 Ноември“ што ја доделува Собранието на Општина Прилеп.
- Награда за главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин.
- Во 2016 година повторно на Фестивалот „Корча“ добил награда за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Trajce Ivanoski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Трајче Иваноски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)