Тројаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тројаци
Поглед на Тројаци.jpg

Поглед на селото Тројаци

Тројаци is located in Македонија
Тројаци
Местоположба на Тројаци во Македонија
Координати 41°22′21″N 21°44′23″E / 41.37250° СГШ; 21.73972° ИГД / 41.37250; 21.73972Координати: 41°22′21″N 21°44′23″E / 41.37250° СГШ; 21.73972° ИГД / 41.37250; 21.73972
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Област Раец
Население 11[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20104
Надм. вис. 600 м
Тројаци на општинската карта
Тројаци во Општина Прилеп.svg

Атарот на Тројаци во рамките на општината
Commons-logo.svg Тројаци на Ризницата


Тројаци или Тројак[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Тројаци се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар, од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено околу 20 км. Неговиот атар зафаќа површина од 19,7 км2.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Тројаци е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ридот сместено на висорамнина од југоисточната страна на селото.[4]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Пролетта 1907 настанала борба помеѓу еден дел од четата на Петар Ацев, предводена од Стефан Шиндилов и аскерот. Четата била опколена во една пештера кај Тројаци при што загинале сите нејзини членови — 6 четници и 1 селанец.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 893 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 357 ха, а на шуми отпаѓаат 281 ха.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тројаци било село со 40 домаќинства и 173 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тројаци имало 380 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 280 жители.[7]

Селото броело 224 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 30 жители.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.[1] Од нив 4 биле мажи, а 7 жени.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 380 280 216 264 224 119 34 29 30 11
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Тројаци е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

  • Староседелци: Чеповци (9 к.), Марковци-Ќимовци (5 к.), Шипинковци (2 к.), Трајановци (1 к.), Шутевци-Утковци (3 к.), Митковци (3 к.), Стојковци (5 к.) и Станковци-Цуцуловци (2 к.).
  • Доселеници: Стојановци (1 к.) доселени се од селото Топлица , Кушовци (1 к.) доселени се од селото Беловодица.[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било седиште на истоимената Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1426 кое е сместено во приватна куќа.[12]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви
Реки

Личности[уреди | уреди извор]

Никола Бошков - Тројачанец
Родени во Тројаци
Починати во Тројаци
  • Никола Станев (? – 1907) — револуционер на ВМОРО, роден во Крн, Бугарија, четник на Стефан Шиндилов[19]
  • Стефан Шиндилов - Шиндил (п. 1907) — прилепски војвода на ВМОРО.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1870 до 1910 година од селото има иселеници на следните места. Прилеп, Алексинац, Крагуевац, Белград, Софија и САД.[11]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  2. 2,0 2,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 302.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314-315. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  12. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
  13. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Посетено на 7 јуни 2019.
  14. Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци“. OldPrilep. 4 јуни 2015.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 63. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  16. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 520.
  17. „Списъкъ на падналитѣ и умрѣли борци за свободата на Македония и обединението на българското племе и тѣхни последователи въ Прилепъ и околията“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XV (1 (151): 16. 1944. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  18. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 37.
  19. Град Крън. www.svetimesta.com.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]