Раец (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раец
Рибница, Брек
Течението на реката
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДрен
 • надм. вис.1550 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°26′32.9″N 21°55′13.7″E / 41.442472° СГШ; 21.920472° ИГД / 41.442472; 21.920472Координати: 41°26′32.9″N 21°55′13.7″E / 41.442472° СГШ; 21.920472° ИГД / 41.442472; 21.920472
 • надм. вис.
154 м
Должина33 км
Големина на сливот305,19 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море

Раецрека меѓу планините Бабуна и Дрен во средно-јужниот дел на Македонија. Реката е лева притока на Црна Река. По оваа река наречена историско-географскаста област Раец.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира на североисточните падини на планината Дрен, на надморска височина од 1.550 м. Настанува од две реки: Свињарница (под ова име е позната во горниот тек) и Церешевик. Нејзиното течение е во североисточен правец до Фаришката Клисура, а потоа свртува кон југоисток и во Црна Река се влева од нејзината лева страна кај селото Шивец на надморска височина од 154 м.[1] Реката тече источно од превојот Плетвар, покрај патот Плетвар-Градско, во пределот на областа Раец.[2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Реката е долга 33 км и нејзиниот тек има релативен пад од 42,3 ‰.[1] Нејзиното сливно подрачје зафаќа вкупна површина од 305,19 км2.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-12-15. Посетено на 7 февруари 2019.
  2. 2,0 2,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]