Прејди на содржината

Врпско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врпско

Воздушен поглед на селото

Врпско во рамките на Македонија
Врпско
Местоположба на Врпско во Македонија
Врпско на карта

Карта

Координати 41°14′21″N 21°48′47″E / 41.23917°N 21.81306°E / 41.23917; 21.81306
Регион Пелагониски
Општина Прилеп
ОбластПрилепско Мариово
Население во атар10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7500
Повик. бр.048
Шифра на КО20017
Надм. вис.800 м
Врпско на општинската карта

Атарот на Врпско во рамките на општината
Врпско на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Врпско (месно запишувано и како Врбско) — раселено село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, југоисточно од градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на селото

Ова мошне мало село се наоѓа во прилепскиот дел на областа Мариово, во источниот дел на територијата на Општина Прилеп, од десната страна на Црна Река.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп, селото е оддалечено дури 51 километар.[2]

До селото води земјен пат, кој започнува од селото Витолиште до каде води асфалтираниот регионален пат 1107.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото Врпско во османлиските пописни дефтери:[3]

Османски статистики Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 10 1 3 823
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 17 691
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 43 4 1843
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 36 9 2 2555
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 18 3 1555

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Патоказ за селото

Атарот на селото зафаќа простор од 16 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 736,1 хектар, на шумите отпаѓаат 658,1 хектар, а на обработливото земјиште 165,6 хектари.[2]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врпско живееле 230 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врпско имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Врпско се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 41 куќа.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Поради својата периферна местоположба, Врпско и од порано било мало село, коешто денес е раселено. Во 1961 година, селото броело 137 жители, а во 1994 година само двајца жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Врпско било целосно раселено.[8] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 224 124 135 137 46 5 1 2 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Врпско било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Витолиште, во која влегувале сите села од прилепскиот дел на Мариово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Витолиште, во која покрај селото Врпско, се наоѓале и селата Бешиште, Витолиште, Живово, Манастир и Полчиште. Општината Витолиште постоела и во периодот 1945-1952 година.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Врпско, Витолиште и Живово.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 131 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Кале — населба од доцноантичкото време;
  • Црквиште — црква од средниот век;
  • Градиште — доцноантичка населба и ранохристијанска црква;[17] и
  • Грамос — населба од непознат период.
Цркви[18]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 63. Посетено на 30 декември 2025.
  3. ↑ Врпско (Vrpsko) село во Прилепско Мариово. // Итар Пејо. Посетен на 3 март 2014 г.
  4. ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
  5. ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  6. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  7. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 декември 2025.
  9. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 28 декември 2025.
  16. ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 292. ISBN 9989-649-28-6.
  17. 1 2 „ОСТАТОЦИ ОД УТВРДУВАЊЕ И КОМПЛЕКС ОД РАНОХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА И ДРУГИ ГРАДБИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ГРАДИШТЕ" КАЈ СЕЛОТО ВРПСКО, ПРИЛЕПСКО“. Пелагон. 2019-04-04. Архивирано од изворникот на 2025-11-17. Посетено на 2025-12-30.
  18. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]