Росоман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Росоман
Росоман is located in Македонија
Росоман
Местоположба на Росоман во Македонија
Координати 41°30′58″N 21°56′59″E / 41.51611° СГШ; 21.94972° ИГД / 41.51611; 21.94972Координати: 41°30′58″N 21°56′59″E / 41.51611° СГШ; 21.94972° ИГД / 41.51611; 21.94972
Општина Општина Росоман
Население 2554 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1422
Надм. вис. 140 м
Мреж. место Росоман
Росоман на општинската карта
Росоман во Општина Росоман.svg

Атарот на Росоман во рамките на општината

Росоман — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Етимологија[уреди | уреди извор]

За потеклото на името на Росоман постојат различни легенди. Според една, некој трговец патувал со жена му од Прилеп кон Стоби, но патем застанувал во секој ан, а жена му, со име Роса, постојано го карала за неговата неодговорност. Во тоа време, луѓето немале часовници, па затоа со себе си носеле мали петлиња, кои со своето кукурикање ги потсетувале на времето. Знаејќи за навиката на својот маж, Роса му ставила петле во торбата, но му го врзала клунот за да не може да пее. Така, човекот тргнал на пат, но петлето никако не пеело, така што тој постојано одел понатаму, без да направи одмор. Во мугрите, тој пристигнал до анот кој се наоѓал на местото на денешнито Росоман и дури тогаш забележал што му направила жената. Сфаќајќи дека бил насамарен од жена му, тој почнал да офка: Росо аман, Росо аман...Оттофаш, сите трговци, кога се договарале каде да се чекаат, на шега велеле „кај Росо аман“ и така местото го добило името Росоман.

Според друга легенда, си била една убава девојка Роса, која сакале да ја потурчат. Не сакајќи да го прифати тоа, таа се фрлила во Црна Река и според нејзиното име, местото било наречено Росоман.

Постои и трета легенда, според која, најголемиот недостаток (маана) на Росоманското поле е росата, која често ги зафаќа ливадите. Оттука, со спојување на именките роса и маана настанало името Росоман.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

За време на Отоманската империја, во близината на Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Македонија. Од пристаништето во Росоман се превезувале земјоделски производи до Солун, а во Росоман имало и барутарница. Пристаништето било најактивно во втората половина на 19. век, кога Росоман бил означуван како „варошица“, со полуградски тип, бидејќи во него имало чаршија со дуќани. Значењето на Росоман започнало да опаѓа со изградбата на железничката пруга од Солун до Скопје во 1873 година, а особено по 1888 година, кога била изградена пругата кон Србија. Иако со послаба активност, пристаништето функционирало до 1912 година.[2]

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Росоман е село коешто се наоѓа во Росоманското Поле, по долното течение на Црна Река. Низ Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта. Населбата е оддалечена 13 километри северно од Кавадарци, 22,5 северозападно од Неготино и 32 километри северно од Велес.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Росоман живееле 1.040 жители, сите Македонци (940 муслимани и 100 православни).[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Росоман имало 80 Македонци, егзархисти.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.554 жители. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 2.285
Албанци 0
Роми 2
Власи 0
Срби 238
Бошњаци 0
Други 29

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.247
1953 461 3 761 241 ... 20 1.486
1961 888 14 ... ... 237 ... 341 1.480
1971 1.274 7 12 ... 351 ... 270 1.914
1981 1.777 8 337 ... 280 2.402
1991 1.944 12 245 ... 270 2.471
1994 2.027 9 334 ... 119 2.489
2002 2.285 2 238 29 2.554

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Троица“ - изградена е во 1990 година, од страна на Иницијативен одбор за градба од селото Росоман. Осветувањето на камен-темелникот го има извршено блажено упокоениот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото доаѓање се промениле престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направил владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, а исто така, се направил престол за служење, ѓаконик и жртвеник. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на уметникот Светозар. Црквата „Св. Троица“ била осветена на 28 октомври 2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Росоман 83 - оформен е во 1983 година, а има настапувано и во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светлана Дарудова, „Пругата од Солун за Скопје го затворила пристаништето во Росоман“, Дневник, година XIX, број 5752, вторник, 28 април 2015, стр. 12.
  2. Светлана Дарудова, „Пругата од Солун за Скопје го затворила пристаништето во Росоман“, Дневник, година XIX, број 5752, вторник, 28 април 2015, стр. 12.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.154.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.104-105.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]