Тројкрсти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тројкрсти
Trojkrsti-Prilep.JPG

Поглед на дел од селото Тројкрсти

Тројкрсти се наоѓа во Republic of Macedonia
Тројкрсти
Местоположба на Тројкрсти во Македонија
Координати 41°14′12″ СГШ 21°24′30″ ИГД / 
Регион Прилепско поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 81 жит.
(поп. 2002)
Слава Духовден
Commons-logo.svg Тројкрсти на Ризницата

Тројкрсти е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Тројкрсти е село во средишниот дел на Пелагонија, во Прилепкото Поле. Селото е притеснето со коритото на Црна Река од југ и возвишението Бедем (646 m) од север. Околни населби се: Чепигово, Тополчани, Загорани и Новоселани. Оддалечено е 21 километар југозападно од Прилеп и 28 километри северно од Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Според народната традиција, денешното село Тројкрсти настанало кон крајот на XVIII век.[1] Тогаш овде се населиле три христијански семејства, од кои потекнуваат денешните родови: Ржанковци, Ѓоревци и Ѓелдимовци.[1] Останатите родови се населиле во текот на XIX и XX век. За време на турското ропство Тројкрсти било рајатско село. Жителите обработувале малку земја на возвишението Бедем, а земјата десно од Црна Река била блато. Кон крајот на XIX век некој ага од селото Чепигово по рамното земјиште отворил канал и блатото се исушило.[1] Оттогаш жителите започнале да обработуваат земја и од десната страна на Црна Река. Од 1900 година две албански семејства од Пресил во Тројкрсти купиле малку земја со намера тука да основаат чифлици, меѓутоа со крајот на турското ропство во 1912 година не успеале во тоа.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Тројкрсти живееле 150 жители, сите Македонци.[2]

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 112 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Тројкрсти живееле 81 жител, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 150[2] 112[3] 211 230 268 258 203 102 97 81

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 138-139. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]