Белче

Координати: 41°14′38″N 21°12′07″E / 41.24389° СГШ; 21.20194° ИГД / 41.24389; 21.20194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Белче

Поглед на селото

Белче во рамките на Македонија
Белче
Местоположба на Белче во Македонија
Белче на карта

Карта

Координати 41°14′38″N 21°12′07″E / 41.24389° СГШ; 21.20194° ИГД / 41.24389; 21.20194
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 210 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10004
Надм. вис. 611 м
Слава Св. Никола Летен[2]
Белче на општинската карта

Атарот на Белче во рамките на општината
Белче на Ризницата

Белче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин запишано како Белче се сретнува во XVI век. Има две мислења за тоа како е добиено името. Првата е дека името потекнува од личното име Белко, Белчо. Втората е дека настанало придавка од белец, што може да значи бела земја или бел камен.[3]

Според верување прв го основал селото некој од родот Дранговци, кој побегнал поради убиство на Турчин, од селото Белче, кое тогаш се наоѓало во близина на денешното село Белчишта, Дебрца.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, на десниот брег на реката Црна, на 5 километри северно од општинското средиште, Демир Хисар.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[4]

Белче е со село со триесетина нови куќи, непосредно сместено до патот Битола-Кичево. Од градот Битола е оддалечено 30 километри. Се граничи со селата Прибилци и Сладуево на север, со селото Граиште на исток и со селото Слепче на југ и на запад.[2]

Во 1951 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а истата година добило и асфалтен пат.[2]

Сместено е во подножјето на ридот Илиница.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, во кој се регистрирани вкупно 9 семејства и 2 вдовици, или вкупно околу 53 жители. Вкупно плаќале данок од 9.510 акчиња.[6] Во 1568 година селото броело околу 88 жители.[6]

Во XIX век, Белче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од само 3 км2, при што преовладуваат шумите со 136,8 хектари, обработливото земјиште заземаат 89,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 59,4 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[4]

Во селото се наоѓа фабрички погон, живинарска фарма (која не работи повеќе), 3 продавници, 1 превозник, 1 лимар и автомеханичар и 1 фризер.[2]

Населението се занимава со земјоделство и чува стока и домашни птици.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948154—    
1953154+0.0%
1961170+10.4%
1971175+2.9%
1981199+13.7%
ГодинаНас.±%
1991244+22.6%
1994208−14.8%
2002245+17.8%
2021210−14.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белче имало 100 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белче имало 128 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100Македонци.[10]

Селото е мало, но со пораст на бројот на население. Во 1961 година селото броело 170 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 208 жители, македонско население.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 245 жители, сите Македонци.[11]

Според неофицијални податоци, во 2015 година во селото живееле над 250 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 210 жители, од кои 206 Македонци и 4 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 128 154 154 170 175 199 244 208 245 210
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Белче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]

  • Доселеници: Јоновци (1 к.), потекнуваат од селото Бабино. Од таму се иселиле во Обршани кај Прилеп. Па по некое време прешле во Белче; Величковци со Дрмоновци (5 к.), со непознато потекло. Некое време седеле и во Сопотница; Трајковци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Логоварди кај Битола; Јолевци и Дранговци (2 к.); Филиповци (1 к.), доселени се пред 1903 година од селото Единаковци; Лозановци (2 к.), потекнуваат од селото Вардино. Од таму се иселиле во селото Бучин кај Крушево. Па се населиле во Белче; Ничовци (4 к.), доселени се пред 1903 година од селото Стругово. Таму припаѓале на родот Гологановци; Лачовци и Милевци (1 к.), доселени се од селото Граиште. Таму припаѓале на родот Кордановци и Кочовци (1 к.), доселени се од селото Слоештица. Таму имале роднини.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Белче, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави[2]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Пред 1952 година, едно семејство од селото се има иселено во Бугарија.[17]

Потоа од Белче се иселиле над 30 домаќинства иселено и тоа најмногу во градовите Битола, Скопје и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 12–13. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 47-48. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 26. Посетено на 4 април 2020.
  5. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 2020-04-04.
  6. 6,0 6,1 Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. 17,0 17,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 април 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 4 април 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]