Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Белче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаКрушевско-демирхисарска
ПарохијаСлепчанска
Местоположба

Карта

Координати41°14′40″N 21°11′47″E / 41.24444°N 21.19639°E / 41.24444; 21.19639
МестоБелче
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
ИзградбаXIX век
ЗографКоста Анастасов
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабен
Стилпреродбенички

Св. Никола - црква во демирхисарското село Белче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен на извесно растојание источно од селото. Изградена е во XIX век. Според други податоци, храмот е направен во 1925 година врз темелите на стара црква.[1] Внатре име икони од 1872 година, дело на крушевскиот мајстор Коста Анастасов. Над влезната врата има натпис „Сеи храмъ стыи Ніколае. во времѧона се исзуграфіса. цьркфата г. г. Архіепископа Асінесіа оце пп. Іоше. Ктитори и пріложніци. г. Иліа Рісте. Ванцу. Рісте. Веле. Рісте. Лозе. Іоше. Петко. Іоле. Ніколе. мали и големи. за вѣчно споменъ Изъ руки Коста Анасташіовъ живописецъ ѿ Крушево во лето 18... месецъ иуна 9 денъ“. Годината на живописување не е позната бидејќи е избришана од натписот.[2] Познато е дека Синесиј станал охридски митрополит во 1884 година.

Храмот е еднокорабна градба, покриена со низок дрвен свод. Венецот, отворите, апсидата и аглите се ѕидани од делкан камен. Покривот е на две води. со ќерамиди. Апсидата на исток е полукружна, со самостоен покрив и однадвор има четири пиластри, поврзани со аркади и тулно украсување. Фасадите се фугирани. На запад има трем.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 13. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 279.