Прејди на содржината

Општина Сопотница

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село, видете Сопотница.
Општина Сопотница
денес дел од
Општина Демир Хисар

Поглед кон селото Сопотница

Границите на Општина Сопотница во периодот 1996-2005 година
Знаме на Општина Сопотница Грб на Општина Сопотница
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеСопотница
РегионПелагониски Регион
Основана1913, 1996-2004
Службен јазикмакедонски
Демографија
Население2319[1] жит.
Населени места
НародностиМакедонци
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Сопотница — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Демир Хисар. Седиште на општината било селото Сопотница.[2]

Територијата на општина се наоѓала во регионот Железник. Најголема река во општината била Црна Река. Општината се граничела со: Општина Ресен и Општина Демир Хисар на југ, Општина Косел и Општина Белчишта на запад, Општина Другово на север и Општина Крушево на исток.[1]

Населени места и демографија

[уреди | уреди извор]

Во Општина Сопотница спаѓале следниве села: Бабино, Базерник, Боиште, Брезово, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Доленци, Жван, Железнец, Зашле, Мало Илино, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово.

На пописот од 2002 година, Општина Сопотница имала 2.319 жители[1], од кои:

  1. 1 2 3 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 7 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 1 2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°17′42″N 21°9′25″E / 41.29500°N 21.15694°E / 41.29500; 21.15694