Базерник
Базерник | |
![]() Поглед на селото Базерник | |
Координати 41°16′56″N 21°02′53″E / 41.28222° N; 21.04806° EКоординати: 41°16′56″N 21°02′53″E / 41.28222° N; 21.04806° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 52[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10002 |
Надм. вис. | 950 м |
Слава | Атанасовден[2] |
![]() |
Базерник — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во западниот дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[3]
Од регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, селото е оддалечено 5,5 километри, од општинското средиште градот Демир Хисар 22 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 13 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 734,1 хектар, потоа пасиштата со 340,2 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 172,4 хектари.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година, каде селото е запишано под името Бачрник и имало 28 семејства, 1 неженети и 1 вдовица или вкупно околу 145 жители. Приход заедно со испенџето имале 4 330 акчиња.[4]
Во XIX век, Базерник се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција, при што било застапени земјоделството, заедно со сточарството и шумарството.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Базерник имало 350 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Базерник имало 400 жители.[6]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 52 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 412 | 360 | 244 | 211 | 154 | 84 | 83 | 52 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Базерник е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Селото Базерник е во целост населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои живеат и потекнуваат од Базерник се: Јаневци, Меанџиовци во минатото имале меана, Петревци, Лозановци, Стојковци, Сековски, Најчевски[10].
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[11] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
- Староседелски и доселенички со непозната старина: Десковци (8 к.), Николовци (18 к.), Сековци (12 к.), Станојовци (6 к.), Ѓоревци (4 к.), Ивановци (2 к.), Трпчевци (5 к.), Најчевци (4 к.) и Волчевци (5 к.)
- Доселени со познато потекло: Дуковци (4 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 70 г. во 1952 година) Јоше-Илија-Петко, основачот на родот кој се доселил.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Базерник, се наоѓале и селата Бабино, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 642 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска продавница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

- Археолошки наоѓалишта[14]
- Дупки — рудник од доцноантичкото време;
- Св. Атанас — црква и некропола од средниот век;
- Селиште — населба од средниот век;
- Средни Ливади — населба и топилница од доцноантичкото време;
- Црквиште — црква од средниот век.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква;
- Реки
Личности[уреди | уреди извор]
- Нове Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Вељан Сековски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Михајло Анѓелов Станојовски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Анѓеле Василев Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Цветан Иванов Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Вељан Јанкуловски — македонски револуционер од ВМОРО.
- Тасе Јанев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Населението од Базерник е во голема мера иселено. До 1952 година иселеници има во Бугарија (осум семејства), Романија (едно семејство), Битола (седум семејства), Србија (шест семејства), Крушево (едно семејство), Австралија (едно семејство), САД (едно семејство).[11] Посилен бран на иселување е забележан после 1960-тите. Иселувањето водело главно кон градовите во Македонија.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 16. Посетено на 27 ноември 2016.
- ↑ Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Според кажување на Цане Јаневски, жител на с. Базерник, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 4 јуни 2016
- ↑ 11,0 11,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|