Загориче
Загориче | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°11′17″N 21°11′45″E / 41.18806° СГШ; 21.19583° ИГДКоординати: 41°11′17″N 21°11′45″E / 41.18806° СГШ; 21.19583° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 94 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10016 |
Надм. вис. | 674 м |
Слава | Св. Никола Летен[2] |
![]() |
Загориче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Името на селото доаѓа од личното име Загоро или Загора, веројатно од старословенскиот збор „гори“. Најверојатно доаѓа од името на првиот доселеник, што се претпоставува дека било Загурче.[2]
Втората теорија е дека селото го добило името по тоа што било сместено зад една гора, Задгора или Задгориче.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова село се наоѓа во областа Железник, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 674 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено околу 6 километри, додека од магистралниот пат Демир Хисар-Битола околу 1 километар.[3]
Загориче се наоѓа по течението на реката Обедничица. Загориче се граничи со следниве села: со Стругово на север и на исток, со Утово на југ и дел со Лопатица (Општина Битола) преку некогашното село Чагор, со атарот на селото Крагуево (некогашно село) и со селото Кутретино на исток. Селото е оддалечено 7 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 26 километри на север.[2][4]
Во 1958 година селото добило електрична енергија, во 1982 година водовод, а асфалтен пат од 1975 година.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Загориче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Загориче“. Во селото имало 25 христијански семејства, од кои 3 неженети и 2 вдовици, со вкупно 130 жители. Селото плаќало 2.172 акчиња. Во 1568 година, селото имало 85 жители.[2]
Во XIX век, Загориче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 177,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 174,7 хектари, а на шумите 42,4 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Во селото се одгледуваат житни и полјоделски култури, од кои најмногу тутун. Исто така, се чува стока.[2]
Во селото работат две продавници за колонијални стоки, две мали сточарски фарми и еден автопревозник. Во минатото имало воденица.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Загориче имало 140 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Загориче имало 128 жители.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 247 жители, а во 1994 година 140 жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 115 жители, сите Македонци.[7]
Денес, Загориче бележи мало зголемување и според неофицијални податоци има 140 жители, чиј број во текот на летото привремено се зголемува.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 89 Македонци и 5 останати.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 128 | 208 | 225 | 247 | 255 | 299 | 253 | 140 | 115 | 94 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови[уреди | уреди извор]
Загориче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[12]
- Староседелци: Шалевци (3 к.), Питроповци (1 к.) и Шубаковци (8 к.).
- Доселеници: Тркалевци (2 к.) и Кузевци (10 к.), доселени се од селото Обедник. Во родот Тркалевци се знае следното родословие: Пере (жив на 75 г. во 1951 година) Недан-Стојан-Нечо, кој се доселил; Подмолковци (2 к.), доселени се од селото Подмол кај Прилеп; Лачовци (2 к.), доселени се од селото Граиште, каде припаѓале на родот Распашновци; Журчановци (1 к.), доселени се од селото Журче; Клепачовци (1 к.) и Србиновци (1 к.), доселени се од селото Сопотница, родот Клепачовци подалечно потекло имаат од селото Клепач кај Прилеп; Апостоловци (3 к.), доселени се од селото Стругово и Бабинци или Здравевци (1 к.), доселени се од селото Бабино.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Поранешно основно училиште[4], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар, кое било заедничко со соседното село Утово
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лопатица, во која покрај селото Загориче, се наоѓале и селата Габаловци, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Свињиште, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загориче, во која влегувале селата Загориче, Обедник, Стругово и Утово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 0627 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Утово.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Калуѓерска Река — црква од средниот век; и
- Куќиште — населба од доцноантичко време.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Никола“ — селска црква, заедничка со соседното Утово
- Споменици
- Споменик за паднатиот борец во НОБ - Стојко Огненовски
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Слави[2]
- Св. Никола Летен (3 јуни) — селска слава
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Во текот на 1960-тите години се случило големо иселување на мештаните и се иселиле над 30 домаќинства, од кои најмногу во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, како и во европските и во прекуокеанските држави.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 44–46. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 127. Посетено на 28 март 2020.
- ↑ 4,0 4,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2020-03-28.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 август 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Железник-Загориче. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 28 март 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 28 март 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|