Радово (Демирхисарско)
Радово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Железник, на падините на планината Лубен. Оддалечено е 13 километри северно од Демир Хисар. Околни села се: Брезово и Кочиште од северозапад и север, Растојца и Ракитница од исток, и Суво грло и Сопотница од југ.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радово живееле 250 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Радово имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Радово живеат 13 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 216 | 218 | 222 | 179 | 141 | 98 | 26 | 28 | 13 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Радово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[11]
- Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Велевци (4 к.), Петревци (2 к.), Цветановци (4 к.), Митановци (5 к.), Дупчевци (3 к.) од овој род потекнува Алексо Стефанов, и Анѓелевци (6 к.).
- Доселеници: Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село во мијачкиот крај, го знаат следното родословие: Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Грамаѓе — населба, некропола и рудник од римско време;
- Клаинец — некропола од средниот век;
- Краста — некропола од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Алексо Стефанов - Војвода
- Наумче Стојков Велевски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Алексо Настов Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Ристе Неделков Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници до 1951 година има во Србија (4 семејства, Крагуевац, Јабука, Парачин, Качарево), Бугарија (2 семејства), Романија (1 семејство), САД (2 семејства), Битола (7 семејства).[11]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка картаг на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|