Прејди на содржината

Лубен

Координати: 41°23′5″N 21°4′35″E / 41.38472° СГШ; 21.07639° ИГД / 41.38472; 21.07639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лубен
планина
Поглед на планината Лубен со селото Цер во подножјето
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Кафчал
 - височина 1.762 м

Лубен — средновисока планина во Македонија со највисок врв Кафчал (1.762 м). Припаѓа на планините од западномакедонската група.

Поглед на Лубен од Баба Сач

Се протега помеѓу Церско Поле на запад и северозапад. Со горниот тек од долината на Церска Река и превојот Кула е одвоена од Баба Сач. На исток продолжува во Бушева Планина, но од неа е одвоена со превојот Стрмол (1.370 м), а на југ е Демир Хисар. Геолошкиот состав е претставен со варовнички карпи што овозможиле интензивна карстна ерозија. Има динарски правец на протегање сз–ји и се развиени површински карстни форми: шкрапи, вртачи, ували, мали карстни полиња и скарстени долови[1].

  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°23′5″N 21°4′35″E / 41.38472° СГШ; 21.07639° ИГД / 41.38472; 21.07639