Цер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цер
Cer 106.JPG

Стари куќи во Цер

Цер се наоѓа во Republic of Macedonia
Цер
Местоположба на Цер во Македонија
Координати 41°25′00″ СГШ 21°04′29″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 159 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1152 м
Commons-logo.svg Цер на Ризницата


Цер — село во Општина Кичево, во Церското Поле, на стариот пат помеѓу Кичево и Крушево. Иако административно селото е кичевско, сепак Цер е демирхисарско село.

Географија[уреди | уреди извор]

Карта на општина Другово со селските атари.

Се наоѓа во т.н. област „Горен Демир Хисар“ во Западна Македонија, близу Крушево и Кичево. Се простира помеѓу планините Баба Сач и Лубен во областа популарно наречена Преку Турла, бидејќи во близина се наоѓа преминот преку малата планина Турла (стариот пат кон Кичево). Селото се протега во источниот дел на Церското Поле, кое претставува најголемо карстно поле во Македонија (површина 9,5 км2, должина од 7,5 км, широчина 3,7 км). Сместено е на надморска височина од 990 m до 1050 m, во подножјето на планината Баба Сач (1695 m) од север и Лубен (1764 m) од југ.

Низ селото минува Церска Река која низводно од селото понира и се движи во подземјето на Церското Поле. Заедно со неколку околни реки, Церска Река излегува на површина кај селото Железнец и го образува врелото на Црна Река.

Природно опкружување на местото[уреди | уреди извор]

Цер се наоѓа во претежно планински предел. Во неговата непосредна близина од северната страна се издига планината Лубен со осамениот и горделив врв Кавчел - висок 1762 метри. Врвот го зазема централното место во западна Македонија. Од неговата височина се добива глетка на сите страни во Западна Македонија. Од овој врв може да се забележи: Пелистер, Кајмакчалан, Караџица, Шар Планина, Галичица, Кораб и Бистра. Двете планини - во непосредна близина на Цер имаат големи сличности. Нивните јужни делови се каменливи но со одлични пасишта, а нивните северни страни се покриени со букова шума, посебно северниот дел на Баба Сач, познат под името Стрмол, каде опстојува големо богатство на стари букови стебла кои даваат посебна убавина.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото има доста голема историја. За него може да се каже дека е еден од поголемите револуционерни села во текот на османлиската власт. За време на Илинденското востание, селото е нападнато од турски аскер и башибозук, при што се опожарени 189 од вкупно 245 куќи и се убиени 13 души.

На 24 април 1905 година во селото Цер, војводата Христо Узунов и неговата чета по долга и нерамна битка со османлискиот аскер, се самоубиваат несакајќи живи да паднат во рацете на непријателот. Денеска таму се наоѓаат нивните гробови.

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 1.560 жители христијани (Македонци).[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цер имало 1.960 Македонци, егзархисти.[2]

По Првата светска војна, селото Цер е центар на општина во Кичевската околија и има 1241 жител.

Демографија[уреди | уреди извор]

Село Цер, 1903 година
Традиционална архитектура во Цер

Како и сите други села во Р. Македонија и ова село е со мал број на жители поради нивната емиграција во градовите која почнала да се одвива во 30 години од XIX век.

За село Цер среќаваме малку податоци бидејќи сите изгореле во 1903 година, по задушувањето на Илинденското востание. Во 1465 година во селото Цер е извршен првиот попис на населението. Тогаш Турците ги попишувале само главите на семејствата. - семејства 58
- неженети 3
- вдовци 2

Следува табела на демографските промени на населението во текот на сите пописни години:[3]

Година 1900 1905 1921 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.560[1] 1.960[2] 1.050 1.071 1.163 945 672 281 201 208 159

Според пописот од 2002 год. во селото вкупно живеат 159 жители, од кои над 60% се на возраст од над 60 години и сите се Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Цер е македонско православно село. Селото е многу старо, се спомнува од првите пописи правени во Македонија, околу 1400-тите. Сите родови во селото се староседелски.[4]

Родови во Цер се: Влинтовци (16 к.), Кацевци (7 к.), Стаматовци (3 к.), Буревци (9 к.), Којчевци (6 к.), Поповци (4 к.), Спасовци (2 к.), Чавковци (8 к.), Шумкаровци (4 к.), Вренцовци (11 к.), Шурбановци (12 к.), Личовци (5 к.), Јуруковци (1 к.), Шлакевци (5 к.), Станковци (5 к.), Тупантовци (1 к.), Костановци (6 к.), Китевци (5 к.), Десковци (6 к.), Мечовци (2 к.), Влчевци (10 к.), Саботниковци (4 к.), Перијовци (1 к.), Насувовци (6 к.), Цабевци (2 к.), Стевановци (2 к.), Дуртановци (3 к.) и Пардовци (2 к.).

Личности[уреди | уреди извор]

Собир на АФЖ на Цер (НОБ, 1945).

По Илинденското востание (на 23.04.1905 год.) Христо Узунов дошол во село Цер со намера морално да ги поткрепи селаните, во моменти кога вербата за подобри времиња била на многу ниско ниво. Узунов доаѓа во селото по препорака на учителот Петруш, но неговото доаѓање било осознаено од Турците (бидејќи курирот од Брезово кој го носел писмото до Узунов, претходно им го покажал на Турците). Узунов со четата пристигнале во селото некаде пред полноќ, а околу 2 часот рано наутро селото било сардисано од турската војска. Утрото сите селани биле собрани под селото и до пладне Турците успеале да ја дознаат куќата каде се крие четата на Узунов. Куќата Турците ја бомбардирале со топ од околните височинки. Знаејќи дека ако не се предадат цело село ќе биде срамнето со земјата, четата на Христо Узунов извршила самоубиство.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]