Апенински Полуостров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на полуостровот на пролет

Апенинскиот Полуостров (италијански: Penisola appenninica) е еден од најголемите полуострови во Европа, кој се протега 1,000 км во должина, од Алпите на север, па сѐ до средишниот дел на Средоземното море на југ. Овој полуостров е познат по тоа што по својот облик личи на чизма, и затоа на италијански се нарекува уште и Lo Stivale („Чизмата“).

Речиси целиот полусотров ѝ припаѓа на Италија. Само две мали места, Сан Марино и Ватикан се независни од неа.

Полуостровот е опкружен со Лигурското Море и Тиренското Море на запад, Јонското Море на југ и Јадранското Море на исток. Внатрешноста на полуостровот се состои од планините Апенини, по кои го носи името, а а северниот дел му е главно рамнински и крајбрежјата ридски (гребенски).

Полуостровот како природен ресурс има нафта.

Апенинскиот Полуостров има медитеранска клима со макии, листопадни и мешани (листопадно-зимзелени) шуми.

Држави[уреди]

На Апенинскиот Полуостров се наоѓаат државите:

  1.  Италија
  2.  Сан Марино
  3.  Ватикан

Наводи[уреди]