Обединет таксономски информативен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на ITIS

Обединети таксономски информативен систем (англ. Integrated Taxonomic Information System, крат. ITIS) — соработна организација[1] која има за цел да составува и одржува доследни и доверливи инфомации за таксономијата биолошките видови. ITIS е основан во 1996 како група на владата на САД составена од неколку федерални установи, но денес е меѓународна организација со учество на министерства од Канада и Мексико. Во базата учествува голема заедница на таксономски стручњаци. Кадарот што ги обработува содржините е сместен во Смитсоновиот природонаучен музеј во Вашингтон, а информатичките работи ги врши Геолошкиот топографски институт во Денвер. Организацијата главно се задржува на северноамериканските видови, но соработува со групи од други земји и меѓународни установи со цел да се добие на што поголема покриеност.[2]

Членки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Меморандум за спогодба“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 4 април 2008. (англиски)
  2. Кут, Лони Д. и др. (февруари 2008). „Надгледување на меѓународната трговија со диви животни и растенија со шифрирани податоци за видови“. Conservation Biology. doi:10.1111/j.1523-1739.2007.00857.x. Посетено на 9 мај 2007.[мртва врска] (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]