Геолошки топографски институт на САД

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Геолошки топографски институт на САД
United States Geological Survey
US-GeologicalSurvey-Seal.svg
Амблем
USGS logo green.svg
Службено обележје
Податоци за органот
Основан 3 март 1879
Седиште Рестон, Вирџинија
Кадар 8.670 лица (2009)
Годишен буџет 1,1 милијарди долари[1]
Раководител Марша Мекнат[2]— директор
Матичен орган Министерство за внатрешни работи
Портал
usgs.gov

Геолошкиот топографски институт на САД (англиски: United States Geological Survey, крат. USGS)[3] е научна служба на владата на САД. Се заминава со проучување на топографијата на САД, нивните природни ресурси и осознавање на природните опасности што им се закануваат. Дејноста на институтот е распоредена на четири поважни полиња: биологијата, географијата, геологијата и хидрологијата. Геолошкиот топографски институт е организација задолжена за осознавање на факти и нема надлежност врз прописи и регулативи.

Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД, ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица,[4] а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија).

Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).[5]

Историја[уреди]

Институтот е основан како одговор на извештај од Националната академија на науките со законски акт на Конгресот, донесен на 3 март 1879. Новооснованата установа била задолжена со „класификација на државното земјиште и испитување на геолошкиот состав, минералните ресурси и производите во општествена сопственост.“ Главен двигател на задачата била неопходноста од попишување на огромните површини стекнати со купувањето на Лујзијана во 1803 и Американско-мексиканската војна во 1848.

При неговото основање, првиот директор на институтот, Кларенс Кинг, го составил со обединување на различни неповрзани регионални геодетски служби По кратко време на директорското место го наследил Џон Весли Пауел.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. U.S. Department of the Interior (22 октомври 2009). "Secretary Salazar Applauds Senate’s Confirmation of Dr. Marcia McNutt as Director of the U.S. Geological Survey". Соопштение за печат.  (консултирано на 7 ноември 2009)
  2. Straub, Noelle. „Senate Confirms Nominees for Interior, DOE“, The New York Times, 22 октомври 2009 (конс. 22 октомври 2009).
  3. или Геолошка служба на САД
  4. The Associated Press. „Monterey Aquarium's McNutt new USGS director“, Google Вести, 23 октомври 2009 (конс. 25 октомври 2009).
  5. „USGS Visual Identity System“. Геолошки топографски институт на САД. 27 јули 2006. http://www.usgs.gov/visual-id/outside_use.html. конс. 29 декември 2008. 

Надворешни врски[уреди]