Прејди на содржината

Портал:Биологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди  

Б И О Л О Г И Ј А

Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува одликите и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко — анатомска организација како и нивниот биохемиско — физиолошки строеж. Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Види повеќе…


уреди  

Избрана слика

Растението Veronica chamaedrys на Пелистер


уреди  

Биолог

Грегор Мендел (германски: Gregor Johann Mendel, 1822—1884) бил австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар, кој се смета за научник кој ги поставил темелите на класичната генетика.

Врв во кариерата достигнува во 1868 кога е избран за старешина на манастир и на тоа место останува сè до смртта, а од страна на научниците не е признаен. Неговите дела, трудови и генијални заклучоци биле пред неговото време, кои на почетокот на 20 век биле повторно отркиени и станале основа на современата генетика. Три научници во 1900 година — Де Вриз (Холандија), Корене (Германија) и Греморк (Австрија) — незвисно еден од друг ги пронаоѓаат делата на Мендел и увиделе дека тој ги формулирал основите на генетиката и законитостите на истата. Дури 16 години по менделовата смрт, неговиот труд бил признаен, а неговите заклучоци добиле име кое им припаѓа: прв и втор Менделов закон за наследување. Прочитајте повеќе


уреди  

Биопортали

уреди  

Мултимедијална содржина

уреди  

Избрана статија

Иглокожите (лат. Echinodermata — «игличеста кожа») се група на исклучиво морски животни кои живеат на дното од водениот екосистем и имаат егзоскелет (надворешен скелет) од варовникови плочки сместен под кожата. Плочките може да се споени една со друга, како кај морските ежови, потоа оретчени за да го забрзаат движењето, како кај морските ѕвезди, или редуцирани на ситни спикули во кожата, како што е кај морските краставици. Кожата обично има брадавичести проекции или игли или, пак и двете.

Иглокожите имаат петтозрачна радијална симетрија, што значи дека нивното тело може да се подели на пет повеќе или помалку слични делови околу централната оска. За разлика од другите радијално симетрични животни, овие се развиваат од билатерално симетрична ларва и зачувуваат дел од билатералноста и како возрасни единки. Прочитајте повеќе


уреди  

Категории

уреди  

Дали сте знаеле...

  • ... дека сивиот сокол е најбрз жив организам и може да развие брзина до 320 км/ч?
  • ... дека човекот заедно со човеколиките мајмуни припаѓаат во семејството на приматите?
  • ... дека сунѓерите се животни, а не растенија?
  • ... дека делфинот и китот се цицачи, а не риби?
  • ... дека лисјата на кактусот се преобразени во боцки, а функцијата на фотосинтеза ја врши неговото стебло?
  • ... дека најголем жив организам е синиот кит кој достигнува должина до 30 м?
  • ... дека целосното име на ДНК е деоксирибонуклеинска киселина?
  • ... дека наследните особини кај организмите ги пренесуваат гените и хромозомите?