Портал:Наука
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
НАУКА
Под наука се подразбираат процесот на проценување на емпириското знаење (научниот метод) и организираното тело на знаење добиено од овој процес. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Опит (експеримент) — склоп на настани и набљудувања, кои се извршуваат да потврдат или да побијат некоја хипотеза или истражување чија главна тема е некоја појава. Опитот е намерно контрoлирање на некоја појава со цел научно да се истражи и разбере спомнатата појава. Научникот со опитот ја „приморува природата“ да одговори на неговите прашања. Во пошироко значење, опит е секое практично испробување на функционирање на некој проект кој ќе се по стекнатите искуства спроведе во поширок обем, или ќе се отфрли ако практичното испробување открие крупни недостатоци. Опитот е најглавната компонента во емпирискиот приод до знаењето. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека зборот наука (латински:scientia) во превод од латински значи знаење, што денес се среќава во повеќе странски литератури. Сепак, денес постои разлика помеѓу поимите знаење и наука?
- ... дека хипотеза (од старогрчките зборови: hypothesis каде што hypo = под и thesis = поставување) претставува темел или база на научното истражување?
- ... дека методот на англискиот научни Френсис Бејкон се смета за предвесник на научниот метод?
- ... дека Бенџамин Френклин имал енциколпоедиски познавања од повеќе области. Овој научник постигнал многу и во природните и во општествените науки, а бил познат философ, физичар, државник, економист, политичар и писател?Негово дело е Декларацијата за независност на САД, но и громобранот.
Природни науки
Избрана биографија
Леонардо да Винчи (на италијански: Leonardo da Vinci) (15 април 1452 — 2 мај 1519) бил познат италијански ренесансен архитект, инженер, вајар и уметник, сликар, изумител, анатом, астроном.
Леонардо да Винчи е роден во Акијано, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, на падините на планината Монте Албано, како незаконски син на адвокатот Сер Пјеро да Винчи. Мајка му Катерина произлегува од селско семејство. Постојат претпоставки дека, Катерина била робинка од Блискиот Исток, но фактите не се доволни за да се докаже оваа теорија. Прочитајте повеќе
Категории
Општествени науки
Историја | Социологија | Философија |
Грешка: мора да се назначи слика во првиот ред |
||
Економија | Политика | Право |
Археологија | Антропологија | Митологија |
Психологија | Филологија |