Портал:Митологија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
МИТОЛОГИЈА
Збир на митови, тело од приказни врзани за одредена култура, институција или личност; наука што се занимава со изучување на митовите. Приказните што претставуваат дел од одредена митологија обично се врзани за одредено верување или религија и објаснуваат универзален или локален почеток, природна појава или друг сегмент од културата на која и припаѓаат а кој е невозможно поинаку да се опише. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Перун е бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната.
Името Перун доаѓа од индоевропскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.
Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел богот Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот.
Перун исто така имал двојна улога како бог на војната. Според Велесовата книга, оние кои умираат во битка живеат засекогаш во неговата војска. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека од дванаесетте Олимписки богови 5 биле од прв ред: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра и Хестеја?
- ... дека во нордиската митологија, богот Тор бил дете на врховниот бог Один и Фјоргин?
- ... дека само Белерофон можел да го јава митолошкиот коњ Пегаз?
- ... дека во египетската митологија постојат 9 врховни божества?
- ... дека божицата Мокош којашто во словенската митологија е божица на женскиот жрец, во финскиот јазик е позната под името Мокша, а во финската митологија е демон?
- ... дека Ал е суштество (пола животно, пола човек) со железни заби и бакарни нокти кое според персиската и ерменската митологија ги напаќа бремените жени и ги краде нивните бебиња?
дека човеците биле луче
Избрана слика
Враќањето на Персефона од Фредерик Лајтон (1891).
Категории
Клучни статии
Митологии
- Египетска митологија
- Будистичка митологија - Тибетска - Кинеска - Индиска - Јапонска
- Абориџинска митологија
- Англосаксонска митологија - Келтска - Хрватска - Германска - Грчка - Финска - Нордиска - Римска - Словенска
- Арапска - Христијанска - Еврејска - Персиска
- Американски фолклор - Ескимска - Навахо - Ацтечка - Инка - Мајанска