Хера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хера
Ήρα
Hera Campana Louvre Ma2283.jpg
Врховна божица
Божица на бракот
Живеалиште Олимп
Симбол Калинка, Паун, Дијадема
Сопружник Зевс
Родители Крон и Реја
Браќа/сестри Посејдон, Ад, Деметра, Хестија, Зевс
Деца Арес, Енио, Хеба, Илитија, Хефест
Римски пандан Јунона

Хера (старогрчки: Ἥρα) — ќерка на Крон и Реја, родена е на островот Сем (Арг) и одраснала во Аркадија, каде ја воспитувал Темен, синот на Палазг. Дадилките ѝ биле годишните времиња. Била прогнана од татака си и Зевс ја пронашол во Кнос, на Крета.На почеток Зевс ѝ се додворувал без успех, но потоа се престорил во покисната кукавица и таа се сожалила на него, го прернала, а тој ја силувал враќајќи си го својот вистински лик. Таа била врховна божица во старогрчката митологија, божица на бракот, на небото во арогрчката митологија. Со врховниот грчки Бог Зевс таа била мајка на божествените деца Арес, Хеб и Хефест.[1]

Хера или Јунона (стгрч. Ἥρη, лат. Iuno) – законска сопруга на Ѕевс иако му била сестра. Во ликот била најубавата божица претставена со круна на главата, облечена во елегантен фустан стегнат со појас, а носела златни сандали на стапалата. Хера уживала во луксузен накит. Зевс постојано ја изневерувал со многу божици и смртнички за што таа посредно му се одмаздувала, напаѓајќи ги љубовниците или нивните вонбрачни деца што тие му ги раѓале. Важела за заштитничка на женскиот род и на светоста на бракот. Калинката е нејзиниот растителен симбол кој ја означувал плодноста, а светото животно ѝ е паунот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 48 - 49.