Ереб (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ереб
Член на исконските богови
Бог на темнината
Сопружник Никта
Родители Хаос
Браќа/сестри Никта
Геја
Тартар
Ерос
Деца Етер (Небо)
Химера (Ден)
Харон (преносител на души во пеколот)
Елеј (Милост)
Епифрон(Внимателност)
Списи Басни од Хигин; Теогонија на Хесиод

Ереб (грчки Έρεβος - "длабок мрак, сенка", латински Erebus)[1] во грчката митологија бил бог на вечната темнина и мрак. Тој е син на Хаос[2], а негова сестра е Никта. Подоцна од соединувањето со Никта биле родени Етер (Небото) и Хемера (Денот) но исто така и Елеј (Милоста), Епифрон (Внимателноста) и Харон, пренесувачот на душите во пеколот. Во војната со боговите бил на страната на Титаните, па по крајот на истата тој бил фрлен во Тартар од страна на Зевс.

Во старогрчката книжевност, Ереб се користи за да се назначи подземниот свет каде умрените заминуваат веднаш по умирањето, затоа понекогаш го мешаат со Тартар.[3][4][5][6][7]

Ереб е син на празнината или исконскиот Хаос кој е негов татко и мајка. Заедно со неговите двајца браќа Тартар и Ерос и со сестрите Геја и Никта е дел од петте исконски богови од кои произлегле сите други. Како божество на темнината и жител на подземјето, Ереб исто така е дел и од хтоничните божества.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Значењето на името Ереб е "темнина". Првото негово пишано спомнување било за "мрачно место меѓу земјата и Ад". Самата именка Ἔρεβος има свој корен во индо-европските јазици *h1regʷ-es/os- "мрак"[8][9] (cf. санскрит rájas, готски riqis, старонордиски røkkr).[10]

Мит[уреди | уреди извор]

Потекло и поколение[уреди | уреди извор]

Според грчкиот поет Хесиод и неговата Теогонија, Ереб е дете на Хаосот и брат на Никта:

"Од хаосот излезе Мракот и црната Ноќ, а од Ноќта се родија Воздухот и Денот кои таа ги зачна и ги роди од љубовта со Ереб." Хесиод, Теогонија (120–125)[11]

Римскиот писател Гај Јулиј Хигин, во неговите Басни (латински: Fabulae), го опишал Ереб како татко на Герас, богот на староста.[12] Некои римски писатели како Хигин и Цицерон го опишуваат Ереб како татко на Мојрите, чија мајка е Никта, иако нивното потекло многу се разликува кај авторите и периодите. Најчесто се прифаќа дека Мојрите се деца на Ананке, божицата на сета судбина.

Метаморфоза[уреди | уреди извор]

Ереб се претвора во река бидејќи ги спасил Титаните. Така го дал своето име на подрачјето во пеколот каде минуваат душите на починатите - подрачје кое се наоѓа меѓу светот на живите и пеколот (Ад).

Види[уреди | уреди извор]

Поврзани статии[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ἔρεβος. Henry George Liddell, Robert Scott. A Greek-English Lexicon - Perseus Project.
  2. Hesiod, Theogony 116–124.
  3. Elizabeth, Alice (1896). The Sources of Spenser's Classical Mythology. New York: Silver, Burdett and Company. стр. 52, 55. https://books.google.com/books?id=5g1LAAAAIAAJ&printsec=frontcover#v=onepage&q&f=false. 
  4. Morford, Mark P. O. (1999). Classical Mythology: Sixth Edition. New York: Oxford University Press US. стр. 36, 84, 253, 263, 271. ISBN 0-19-514338-8. ,
  5. Peck, Harry Thurston (1897). Harper's Dictionary of Classical Literature and Antiquities, Volume 1. New York: Harper. стр. 620. https://books.google.com/books?id=RacKAAAAIAAJ&printsec=frontcover#v=onepage&q&f=false. 
  6. Rengel, Marian (2009). Greek and Roman Mythology A to Z. Infobase Publishing. стр. 51. ISBN 1-60413-412-7. ,
  7. Turner, Patricia (2001). Dictionary of Ancient Deities. Oxford University Press. стр. 170. ISBN 0-19-514504-6. ,
  8. Harper, Douglas. „Online Etymology Dictionary: Erebus“. http://www.etymonline.com/index.php?search=erebus&searchmode=none. конс. 1 јули 2011 г. 
  9. R. S. P. Beekes, Etymological Dictionary of Greek, Brill, 2009, p. 451.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Erebos2.
  11. Evelyn-White (1914)
  12. Atsma, Aaron. „Hyginus, Fabulae 1–49“. Theoi E-Texts Library. http://www.theoi.com/Text/HyginusFabulae1.html#Preface. конс. 1 јули 2011 г.