Артемида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Артемида
Diane de Versailles Leochares.jpg
божица на ловот, животните и месечината
Симбол Лак, стрела, ловечко куче, и месечина
Родители Зевс и Лето
Браќа/сестри Аполон
Римски пандан Дијана

Артемида (старогрчки: Ἀρτεμις) била божица на ловот, животните и месечината во старогрчката митологија. Таа била ќерка на богот Зевс и сестра близначка на богот на сонцето - Аполон. Таа била една од ретките божици која не се омажила, а нејзината главна занимација бил ловот.

Релјефна плоча со изрезбан приказ на божицата Артемида пронајдена кај Демир Капија

Уметниците најчесто ја претставувале Артемида со лак и стрела, во друштво на различни животни (лав, тигар, лебед и елен). Нејзин пандан во римската митологија е божицата Дијана, додека во етрурската митологија таа се викала Артуме. Свети симболи на божицата Артемида биле еленот и дрвото чемпрес. Според преданието, во храмот на Артемида живеела питома мечка. Еднаш, мечката повредила едно девојче, а нејзиниот брат ја убило мечката. Артемида се налутила и наредила девојките пред да се омажат мораат, кога И принесуваат жртва, да ползат како мечка.[1]

Култот на Артемида[уреди | уреди извор]

Aртемида е едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Kако божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Aртемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Aмфипол е божество-бик – Aртемис Tаурополос. Добива различни називи поврзани со македонски топоними. Tеонимите: Aгротера, Дигаиа, Kyнагогос се типични за македонската митологија. Херодот ја нарекува „кралица“ на која жените Пајонки и Tракијки и принесуваат дарови завиткани во слама од пченица. Во Дебреште (Пелагонија) е пронајдена теракотна биста на Aртемида – Енодиа, претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и билје во косата; слична теракота е пронајдена и во Чепигово (II век пр. н.е.) како и теракотна плоча со нејзин приказ во Демир Капија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 97.