Хермес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хермес

Хермес (старогрчки: ʽἙρμῆς) бил бог на уметноста, трговијата и литературата во старогрчката митологија. Тој исто така бил и гласник на боговите. Тој е зачнат во врската помеѓу Зевс и Маја, ќерка на Атланти. Хермес се родил во пештерата на планината Килени во Аркадија.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Веднаш по роѓење, кога мајка му го повиткала и положила во сити за жито, тој почнал да расте и за миг станал момче. Веднаш тргнал во потрага по доживувања. Првиот „подвиг“ го направил на Пијереја крадејќи го стадото на Аполон. Во потрага по него веднаш тргнал Аполон, но бил заведен со итрината на Хермес. Во потрагата се придружиле Сатири и го принашле Хермес во некоја пештера во Аркадија, тие биле привлечени од волшебната музика која Хермес ја создавал правејќи играчка од оклоп на желка. Воодушевена од надареното момче Нимфата, Килена го земала под своја грижа. Тогаш се појавил и Аполон, влеголво пештерата, ја разбудил Маја и си го побарал стадото, но забележал дека едната крава била заклана. За казна го зел Хермес и го однел на Олимп, каде Зевс не сакал ниту да поверува дека штотуку родениот син му е крадец. Тогаш Хермес рекол дека кравата го жртвувал во чест на дванаесет богови, а кога татко му го прашал кој е дванаесеттиот, тој покажал на себеси. Таа жртва се помни како прва жртва во месо некогаш направена.

Враќајќи се со Аполон на планината, тој му ги покажал своите умешности со лирата што сам ја направил, откако му отпеал песна посветена на величествениот Аполон, тој сè му простил и ја побарал лирата во замена за кравите. Хермес се сложи, а потоа додека седел со преостанатите крави тој зел трска и создал фрула. Во замена за фрула од Аполон побарал моќ на претскажување, Аполон не можел тоа да го стори, но го испратил кај своите дадилки на Парнас. Аполон му раскажал на Зевс што се случило, а Зевс му одржал слово на Хермес дека мора да почитува туѓа сопственост, а Хермес побарал да стане негов гласник. Зевс му дал гласнички обележја. Тој им помагал и на трите Наречници.[2]

Во римската митологија негов еквивалент е богот Меркур.

Хермес како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Хермес, кучето и ѕвездата“ - песна во проза од истоимената збирка на полскиот поет Збигњев Херберт.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 53.
  2. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 59 - 62
  3. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]