Меркур (бог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Астролошки симбол на Меркур
Меркур во вајарското дело на Жан-Батист Пигал.
„Меркур“ насликан од Хендрик Голциуз

Меркур (латински: Mercurius) — божество во римската митологија, бог на овчарите, стадата, патниците, трговијата, итрината и кражбите, како и на говорништвото и поезијата. Тој бил син на Јупитер (Зевс во старогрчката митологија) и Маја, а се родил на ридот Килена, во Аркадија. Грчкиот еквивалент му е Хермес, син на Зевс и татко на Пан. Меркур станал посредник меѓу боговите и луѓето. Најчесто се прикажува со лик на момче со крилја на нозете или на капата и со гласнички стап во рацете. Во Стариот Рим, неговиот храм се наоѓал во близината на Circus Maximus, а го подигнале трговците.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 223.