Зевс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зевс
Jupiter Smyrna Louvre Ma13.jpg
Jupiter de Smyrne, откриена во Смирна во 1680[1]
Крал на боговите
Бог на Небото и Громот
Живеалиште Олимп
Симбол Гром, орел, вол и даб
Сопружник Хера
Родители Крон и Риа
Браќа/сестри Посејдон, Хад, Деметра, Хестија, Хера
Деца Арес, Атена, Аполон, Артемида, Афродита, Дионис, Хеба, Хермес, Херкул, Елена Тројанска, Хефест, Персеј, Минос, Музите
Јава на Олимп
Римски пандан Јупитер

Во грчката митологија, Зевс е крал на боговите, владетел на планината Олимп и бог на небото и громот. Негови симболи се громот, орелот, волот и дабот. Поради неговото индо-евроско наследство, класичното „собирач на облаци“ доведува одредени иконографски особини од културите на Древниот Близок Исток, како на пример жезлото. Зевс е често прикажуван од грчки уметници во една од двете пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со гром во неговата подигната десна рака или седнат на престол.

Зевс бил дете на Крон и Риа, а и бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции тој е оженет со Хера, иако, кај пророкот на Додон, негова придружничка е Диона: според Илијада, Афродита е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу боженствени и херојски потомци, вклучувајќи ги Атена, Аполон и Артемида, Хермес, Персефона (од Деметра), Дионис, Персеј, Херакле, Елена од Троја, Минос и Музите (од Мнемосина); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат Арес, Хеба и Хефест.[2]

На грчки, името на богот е Ζεύς Zeús /zdeús/ или /dzeús/ (на модерно грчки /'zefs/) во номинатив и Διός Diós во генитив. Негов римски еквивалент бил Јупитер, а етрурски, Тиниј. Во хинди митологијата негов еквивалент е богот Индра со оружје слично на громот, кое тој можел да го држи како стап.

Статуа на Ѕевс

Раѓањето на Зевс[уреди | уреди извор]

Од Крон и Реја настануваат Хестија,Деметра,Хера,Хад,Посејдон и Ѕевс Кронос ги проголтал сите освен Ѕевс како што пренесува Хесиод. Крон и Реја се божества на небото и земјата двојници на Уран и Гаја чија моќ тиеја узурпирале а нивната врска претставува возобновување на светиот брак , но според траицијата Крон и Реја се претставувани мошне поразлично од нивните родители Крон во уметноста е претставен како величествен но и тажно божество со срп в раце тој владеел во златното доба меѓу смртниците а откако бил симнат од тронот од неговиот син Ѕевс се повлекол во некое далечно кралство понекогаш нарекувано како Островот на блажените,еден од повеќето хеленски замисли за рајот.Во Рим,Крон бил нарекуван Сатурн.[3]

Ѕевсовите сопруги[уреди | уреди извор]

Според ХесиодвоТеогонијата“, Зевс се женел седум пати, меѓутоа освен своите сопруги имал и многу љубовници.

  1. Метида
  2. Темида
  3. Еуринома
  4. Деметра
  5. Мнемосина
  6. Лето
  7. Хера


Ѕевс и Хера[уреди | уреди извор]

Унијата на Ѕевс и Хера претставува типичен пример на hieros gamos меѓу небесни от бог и земјена божица ,што на убав начин е опишано кај Хомер во Илијадата. Од митовите таа е секогаш во кавга со својот сопруг поради неговите неверства. Во уметноста таа е претставена како кралица и матрона, често со кралски обележја како скептар и круна. Хомер ја опишува како волоока и белолакта ,епитети кои ја означуваат нејзината убавина.

Статуа на Хера од 2 век.п.н.е

Децата на Зевс и Хера[уреди | уреди извор]

Ејлејтија,Хеба,Хефајст и Арес се деца на Хера и Ѕевс. Ејлејтија,божица на раѓањето. Ѕевс и Хера имале 4 деца:Ејлејтија,Хеба,Хефајст и Арес/Арес.Ејлејтија како божица на раѓањето го делела овој атрибут со својата мајкаОвој атрибут го имала и Артемида.


Ѕевсовиот разновиден карактер[уреди | уреди извор]

Ѕевс е бог љубовник тој се пари со многу божици и смртни жени затоа има големо потомство. Многу генеалогии поради славата и авторитетот на врховниот бог го вклучуваат него како прародител , овој Ѕевс му припаѓа на моногамното општество во кое мажот е доминантен каде прељубата на мажот наспроти онаа на жената не се санкционира, така однесувањето на Ѕевс може да се опише како морално и неморално како врховен бог тој може да биде над општествените норми, но сепак се когаш сесоочува со бесот на неговата сопруга Хера, и мора да плати поради грешките причинети од неговиот промискуитет. Од друга страна истиот Ѕевс подоцна станува еден бог,кој го чува моралот и правдата кај боговите и луѓето. Тој е гневен бог на правдата и доблест ,поддржувајќи се што е свето во моралниот ред на космосот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The sculpture was presented to Louis XIV as Aesculapius but restored as Zeus, ca. 1686, by Pierre Granier, who added the upraised right arm brandishing the thunderbolt. Marble, middle 2nd century CE. Formerly in the north allée of the Tapis vert, in the garden of Versailles, now conserved in the Louvre Museum (official on-line catalog)
  2. Hamilton, Edith (1942) (на English). Mythology (1998 издание). New York: Back Bay Books. стр. 467. ISBN 978-0-316-34114-1. 
  3. Дуев.Р ( 2010) Античка Митологија, скрипта за студентите од Институтот за класични студии , Институтoт за филозофија , Институт за историја на уметност