Виртуелна меѓународна нормативна податотека
Вид место | пребарувач, електронски каталог |
---|---|
Достапно на | англиски |
Сопственик | OCLC |
Создавач | заеднички проект на 4 библиотечни организации |
Адреса | VIAF.org |
Комерцијално | no |
Зачленување | не |
Виртуелна меѓународна нормативна податотека (англиски: Virtual International Authority File, крат. VIAF) — меѓународна нормативна податотека, заеднички проект на неколку национални библиотеки кој го води електронскиот библиотечен центар OCLC.[1] Негови иницијатори се Германската национална библиотека и Конгреснатата библиотека на САД.
Целта на системот е поврзување на националните нормативни податотека (како што е германската Називна нормативна податотека) во една виртуелна нормативна податотека. Така, истоветните записи се спојуваат во единствена евиденција, и секој од нив добива стандарден број, основни записи за алтернативни и застарени називи преземени од изворната евиденција, кои се однесуваат на таа база. Сите овие информации се достапни на интернет за истражување, споделување и размена на податоци. Заемното подновување го користи протоколот OAI.[2]
Библиотеки-учеснички
[уреди | уреди извор]Назив | Изворен назив | Град | Земја |
---|---|---|---|
Централен институт за обединет каталог | Istituto Centrale per il Catalogo Unico | Рим | Италија |
Германска национална библиотека | Deutsche Nationalbibliothek | Франкфурт | Германија |
Истражувачки институт „Гети“ | Getty Research Institute | Лос Анџелес | САД |
Библиотека и архив на Канада | Library and Archives Canada | Отава | Канада |
Александриска библиотека | Bibliotheca Alexandrina | Александрија | Египет |
Конгресна библиотека | Library of Congress | Вашингтон | САД |
Национална библиотека на Австралија | National Library of Australia | Канбера | Австралија |
Национална библиотека на Франција | Bibliothèque nationale de France | Париз | Франција |
Национална библиотека на Израел | הספרייה הלאומית | Ерусалим | Израел |
Национална библиотека на Португалија | Biblioteca Nacional de Portugal | Лисабон | Португалија |
Национална библиотека на Шпанија | Biblioteca Nacional de España | Мадрид | Шпанија |
Кралска библиотека | Kungliga Biblioteket | Стокхолм | Шведска |
Народна библиотека на Чешка | Národní knihovna České republiky | Прага | Чешка |
Национална библиотека „Сечени“ | Országos Széchényi Könyvtár | Будимпешта | Унгарија |
Библиотечна мрежа на западна Швајцарија | Réseau des bibliothèques de Suisse occidentale или Westschweizer Bibliothekverbund |
— | Швајцарија |
Универзитетски документациски систем | Système universitaire de documentation (Sudoc) | — | Франција |
Швајцарска национална библиотека | Schweizerische Nationalbibliothek Bibliothèque nationale suisse Biblioteca nazionale svizzera Rete delle bibliotheche della Svizzera occidentale |
Берн | Швајцарија |
Заеднички каталог на полските научни библиотеки | NUKAT: katalog zbiorów polskich bibliotek naukowyc | — | Полска |
Ватиканска библиотека | Bibliotheca Apostolica Vaticana | Ватикан | Ватикан |
Библиотеки додадени за проби
[уреди | уреди извор]Назив | Изворен назив | Град | Земја |
---|---|---|---|
Фламански јавни библиотеки | (BIBNET) | Брисел | Белгија |
Руска државна библиотека | Российская государственная библиотека | Москва | Русија |
BIBSYS | — | — | Норвешка |
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Контролен број на Конгресната библиотека (LCCN)
- Обединета нормативна податотека (GND)
- Нормативна контрола