Ерос (митологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерос
Eros Farnese MAN Napoli 6353.jpg
The Eros Farnese, a Pompeiian marble thought to be a copy of the colossal Eros of Thespiae by Praxiteles[1]
Бог на љубовта, страста и сексот
Живеалиште Олимп
Симбол лак, стрела, Свеќа, Срце, Купидон, Бакнеж
Сопружник Психа
Родители Афродита и Арес
Деца Хедона
Римски пандан Купидон

Ерос (грчки: Έρως, латински: Amor, Cupido) во грчката митологија бил бог на љубовта, страста и сексот. Ерос е син на Афродита и Арес или Хефест. Во римската митологија, еквивалент на Ерос е Купидон. Ерос на почетокот бил бог на љубовта и сексот. Неговото име денеска често пати се користи за зборови поврзани со еротика. Слично како ѝ Дионис, така и Ерос често бил нарекуван како Елефтер (Ослободител).

Според митологијата, Ерос, кој бил налутен на Аполон, бидејќи се пошегувал со него поради неговите способности да стрела, го принудил да се вљуби во нимфата Дафне. Таа пак го помолила на Пиниј да и помогне да ја претвори во лаврово дрво, кое по ова станало свето за Аполон.

Ерос и Психа[уреди]

Афродита била љубоморна на смртната Психа за нејзината убавина, па му наредил на Ерос да ја погоди во нејзиното срце. Но кога Ерос ја видел убавата Психа, тој веднаш се заљубил во неа, и секоја ноќ ја посетувал. Доаѓајќи кај неа, тој и наредувал да го гаси светлото за да не го види. Така по одредено време таа се вљубила во Ерос, и покрај тоа што не знаела како изгледа и кој е тој. Една вечер, таа одлучила да дознае кој е нејзиниот миленик, па кога Ерос заспал покрај наем таа го запалила светлото. По ова, една капка од масло паднало од светилката и го разбудила Ерос, кој веднаш одлетал. Долго време по ова, тој и барал нов миленик, за да на крајот Зевс ја прифати нивната љубов и им дозволил да се венчаат. На тој начин таа влегла во божествениот свет.

Наводи[уреди]

  1. A. Corso, Concerning the catalogue of Praxiteles’ exhibition held in the Louvre. Conference paper presented at ИНДОЕВРОПЕЙСКОЕ ЯЗЫКОЗНАНИЕ И КЛАССИЧЕСКАЯ ФИЛОЛОГИЯ – XI June 2007; p. 159