Орфизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орфичките мозаици биле пронајдени во многу доцноримски вили

Орфизам (поретко Орфицизам; старогрчки: Ὀρφικά) е име дадено на збир од религиозни верувања и практики[1] со потекло од Стара Грција и хеленскиот свет,[2] , како и кај Тракијците,[3] поврзани со литературата, му се припишуваат на митскиот поет Орфеј[4], кој се спуштил во подземјето и оттаму се вратил. Орфиците, исто така, ја почитувале Персефона (која се спуштала во подземниот свет и потоа се враќала) и Дионис или Бах (кој исто така се спуштил во подземниот свет и се вратил). Орфиците ги измислиле Дионизиските мистерии.[5] Поезија која содржи јасни орфички верувања се проследува наназад до 6 век п.н.е.[6] или најмалку 5 век п.н.е., како и графити од 5 век пред нашата ера кои очигледно се однесуваат на "орфиците".[7]

Класични извори, како на пример, Платон, зборуваат за "орфичките иницијатори" (старогрчки: Ὀρφεοτελεσταί) и за соодветните ритуали, иако во целина не се знае колку "орфичката" книжевност била навистина поврзана со ритуалите.[8] Како и во елефсинските мистерии, поведувањето во орфичките мистерии ветувало предности во задгробниот живот.

Хермес, Евридика и Орфеј (рељеф од вилата Албани во Рим)

Орфеј[уреди | уреди извор]

Во грчката уметност и литература Орфеј за првпат се појавил како познат пејач во 6 век п.н.е. Традицијата што Орфеј ја пеел а Музај ја запишал може да го одразува моментот на преминот од усна во писмена книжевност - што веројатно се случило во втората половина на 7 век п.н.е. - и ова можеби било времето кога песните биле составени[9].

За поетите од Стара Грција, Орфеј бил пејач кој поседувал натприродни сили. Како таков, тој бил запишан помеѓу Аргонаутите. Според еден александриски поет, Орфеј ги смирил неговите скарани другари пеејќи им за создавањето на светот и за боговите. Еврипид пишувал за посебната врска на Орфеј со подземјето. Рељеф во Неапол, од крајот на 5 век п.н.е., го опишува неговиот обид да ја врати својата жена Евридика од мртвите. Малку порано истиот тој век, Полигнот ја насликал познатата слика за подземјето каде Орфеј бил прикажан со лира во раката, среде група легендарни музичари. Се чини веројатно дека оваа фигура на Орфеј го рефлектира постоечкото тело на орфичната поезија, дека неговите особини, всушност, ја претставуваат неговата содржина - теогонија за создавањето и описот на подземниот свет и на судбината на душата таму[9].

Орфичко (космичко) јајце. Една стара орфичка химна му се обраќа: Неизречен, скриен, блескав потомок, се вртиш и ја истргнуваш темната магла што лежи пред твоите очи и ги мавташ крилјата, се будиш, и на овој свет носиш чиста светлина[10][11]

Особености[уреди | уреди извор]

Главните елементи на орфизмот се разликуваат од популарната старогрчка религија на три начини:

  1. Во орфизмот човечките души се карактерисирани како божествени и бесмртни, но осудени да живеат (некој период) во "мачен круг" на последователни телесни животи преку метемпсихоза, или преселба на душата, односно реинкарнација;
  2. Орфиците припишувале аскетски начин на живот кој заедно со тајните иницијални ритуали, требале да бидат гаранција не само за евентуалното ослободување од "мачниот круг", туку и за спојување со богот или боговите;
  3. Орфизмот се засновал на свети списи за потеклото на боговите и на човечките битија.

Докази[уреди | уреди извор]

Изразито орфички ставови и практики се потврдени уште кај Херодот, Еврипид и Платон. Неодамна објавениот Дервенски папирус овозможува орфичката митологија да се датира од крајот на 5-от век п.н.е.,[12] ако не и од некој уште постар период.[13] Други натписи кои се наоѓаат во различни делови на грчкиот свет сведочат за почетокот на постоењето на движењето со истите основни верувања кои подоцна биле поврзани со орфизмот.

Голем број фрагменти од орфичките песни преживеале, од кои некои припаѓаат на песните што биле познати во Атина во 5 и 4 век пр.н.е[14].

Мозаик за раѓањето на Дионис во Куќата на Еон (Археолошки парк Пафос), 4 век

Теогонија[уреди | уреди извор]

Цитатот на Платон за пасусите на една орфична песна (во Кратул и Филеб) и описот на Изократ (во Бусирис) за она што го напишал Орфеј, сугерира една орфична теогонија многу слична на онаа што се зачувала како дело на Хесиод, поет на усната традиција од осмиот век. Од многу подоцнежните писатели (Атинагора, од 2 век и Дамаскиј, од 5 век) дознаваме за орфичките теогонии кои содржат нехесиодски елементи - оние за орфичкото (космичко) јајце и творецот Фанес. Бидејќи Фанес се чини дека може да се препознае во фигурата на Ерос која заедно со космичкото јајце се појавува во космогонијата поврзана со делото Птици на Аристофан од петтиот век, двата елементи можат да се сметаат за исконски.[9] Трите орфички фрагменти кои претставуваат слика на универзумот, имаат изразена сличност со сликата на Платон за универзумот во митот за Ер на крајот на неговото дело Држава. Согласно овие фрагменти, небото, земјата, морето и "знаците со кои се опкружени небесата" ги држи Етер.

Митот за Дионис и титаните[уреди | уреди извор]

Орфичките теогонии генеалошки се слични на Теогонијата на Хесиод, но деталите се различни. Тие можеби биле под влијание на источните модели на религија во близина. Главната приказна е дека Дионис (во неговата инкарнација како Загреј) е син на Зевс и на Персефона. Зевс наследството на престолот му го остава на детето, откако требал да замине поради гневот на Хера дека детето било родено од друга мајка[15]. Титаните налутени и поттикнати од Хера одлучиле да го убијат детето. Залажан со огледало и со детски играчки, Титаните го убиле и го изеле Дионис. Атена го зачувала срцето и му кажала на Зевс кој во бес фрлил молња врз нив и ги уништил. Како резултат на ова се родило човештвото кое во себе ги содржи телата на Титаните и она на Дионис. Душата на човекот (делот на Дионис) е божествената, но телото (делот на Титаните) ја држи душата во ропство. Оттука, се кажувало дека душата се враќа во телото десет пати, врзана за тркалото на повторното раѓање.

Постојат две орфички приказни за раѓањето на Дионис: во едната срцето на Дионис било вградено во бутот на Зевс, во другата, Зевс ја забременил смртната жена Семела, што довело до вистинско повторно раѓање на Дионис.

Книжевни извори[уреди | уреди извор]

Многу од овие детали се разликуваат во пишувањата на класичните автори. Фирмик Матерниј, христијански автор, дава различно видување со книгата За грешката на световните религии. Тој вели дека Јупитер (Зевс) првично бил (смртен) крал на Крит—концептот на Евхемер—и Дионис бил неговиот син. Дионис бил убиен, а потоа изеден. Само срцето му било спасено од страна на Атена. Статуа од гипс (истата материја која Титаните ја користат за да се прикријат себе) тогаш била направена за да изгледа како Дионис, а во неа било сместено срцето.[16] Други извори се:

Погребни обреди и верувања[уреди | уреди извор]

Златни орфички таблички најдени во Петелија, јужна Италија (Британски Музеј)[17]

Задгробен живот на душата[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа што Теогонијата на Хесиод содржи опис на подземјето, каде е вметната приказната за соборувањето на Титаните од страна на Зевс, овој традиционален елемент детално бил развиен во Орфичките песни каде се зборува за судбината на душата по смртта, нејзиниот суд и нејзината реинкарнација. Платон, во своите дела, јасно се осврнал на враќањето на душата кое го прочитал во орфичката литература. Во Горгиј тој се повикува на "еден од мудреците, кој тврди дека телото е гроб" и ја раскажува приказната дека душата на непросветлен човек е како сито: во Адот непросветениот е најочаен, осуден во вечноста да го полни ситото со вода, со помош на други сита[18][б 1]. Во Федон (познато и како За душата) тој вели дека "човекот што ќе стигне во Адот[19] без да доживее спознание, ќе лежи во кал, додека иницираниот, кога ќе дојде таму, ќе живее со боговите"[20]. Во Кратил Платон исто така ја кажува теоријата на орфичките поети дека телото е гроб на душата. Два преживеани орфички фрагменти зборуваат за различните судбини на праведните и неправедните во задгробниот живот, а неколку други се занимаваат со повторното раѓање на душата во различни форми[21]. Платон, во Менон рекол дека меѓу другите "Пиндар и многу други поети кои се божествено инспирирани ... велеле дека душата на човекот е бесмртна, и во некое време завршува, што се нарекува умирање, а во друго се преродува, но никогаш не исчезнува. Како резултат на тоа, човекот треба да го живее својот живот во најголема светост".

Погребни ритуали[уреди | уреди извор]

Преживеаните напишани фрагменти покажуваат голем број на верувања за задгробниот живот слични на оние во "орфичката" митологија за Дионисовата смрт и воскресение. Коскени таблички најдени во Олбија (5-ти век п.н.е.) носат кратки и енигматички натписи како: "Живот. Смрт. Живот. Вистина. Дио(нис). Орфик." Функцијата на овие коскени таблички е непозната.[22]

Златни таблички биле најдени во гробови во Туриј, Хипониум (Италија), Тесалија и Крит (4 век п.н.е. и подоцна) кои му давале инструкции на мртвиот. Иако овие тенки таблички се честопати само фрагменти, колективно тие претставуваат заедничко сценарио за премин во задгробниот живот. Кога покојникот пристигнува во подземниот свет, тој се очекува да се соочи со препреки. Тој мора да се погрижи да не пие од Лета ("Заборавот"), туку од базенот на Мнемосина ("Меморија"). Дадени му се формули и изрази со кои ќе се претстави себеси кај чуварите на задгробниот живот.

Јас сум син на Земјата и ѕвезденото небо. Јас сум пресушен со жед и умирам. Брзо дајте ми да се напијам студена вода од езерото на Меморија.[23]

Други златни таблички нудат инструкции за обраќање на владетелите на подземниот свет:

Сега умре и сега оживеа, О, трипати среќен, на ист ден. Кажи ѝ на Персефона дека самиот Бах те ослободил.[24]

Питагорејство[уреди | уреди извор]

Орфичките ставови и практики имаат паралели со елементите на Питагорејството. Сепак, има многу малку докази за да се утврди степенот како едното движење имало влијание на другото.[25]

Во книгата Делата на Аристотел (1908, стр. 80 Фрагменти) се споменува следното:[26]

(..) Аристотел вели дека поетот Орфеј никогаш не постоел. Питагорејците ја припишуваат оваа Орфичката песна на некој Кекрон (види Керкопс).

Бертранд Расел (1947),[27] го истакнал следново:

Орфиците биле аскетска секта а виното за нив било симбол како подоцна во христијанската света тајна. Опиеноста им била заради "ентузијазмот" да се спојат со богот. Тие верувале дека на овој начин се стекнуваат со мистички знаења кои не можат да се добијат со обични средства. Овој мистичен елемент влегол во грчката филозофија со Питагора, кој бил реформатор на орфизмот како што Орфеј бил реформатор на религијата на Дионис. Преку Питагора орфичките елементи навлегле во филозофијата на Платон а преку Платон кај повеќето од подоцнежната филозофија, која во некој степен била религиозна.

Платонизам[уреди | уреди извор]

Бертран Расел (1947) посочил за Сократ:

Тој не бил ортодоксен Орфик и ги прифатил само основните учења, не и суеверијата и церемониите на прочистување.[28]

Орфички живот[уреди | уреди извор]

Оние што верувале во есхатолошката догма содржана во орфејските песни, следеле одредени однесувања во животот[9].

Забрани[уреди | уреди извор]

Адикија, неправдата против секое живо суштество, морало строго да се избегнува. Во Хиполит на Еврипид[29] се споменува "храна без душа", која се бара од следбениците на Орфеј и веројатно се мисли на вегетаријанството. Херодот се осврнал на орфичната практика, која исто така била и питагорејска, при погребот да се избегнува употребата на волната (украдена од овците). Оние што ги почитувале овие забрани воделе "орфички живот", според зборовите на Платон во делото Закони[9].

Иницијации[уреди | уреди извор]

Елефсински мистерии

Проклас зборувал за оние кои биле иницирани под покровителство на Орфеј со Дионис или Коре, односно Персефона (во вториот случај, во Елефсина). Во драмата на Еврипид, Рес, Музај е Атињанин а самиот Орфеј е тесно поврзан со елефсинските иницијации. Ваквите иницијации ги спомнува Аристофан во драмата Жаби[30] кога еден од ликовите вели: "Орфеј ги поучил на телетаи [иницијации] и воздржаност од убивање"[31].

Очигледно, орфичката иницијација имала суштински пишан карактер. Еврипид се осврнал на лицето кое ги почитува орфичките скрупули како "почитување на чадот на многу пишани дела". Платон споменува "куп книги" за Орфеј и Музај. Подоцнежните писатели ја контрастирале оваа пишана иницијација со визуелното откривање на Елефсина, како што напишал Павзаниј: "Оној кој видел иницијација во Елефсина или ги прочитал пишувањата кои се нарекуваат орфички, знаат што мислам". Орфичката литература се чини дека имала поврзаност со визуелната и усната поука, како "живо" учење кое се чини било слободно и достапно.

Воведувањето во мистериите требало да ја открие вистината која ќе им овозможи на луѓето да стигнат до следниот свет во состојба на безгрешност. Платон зборувал за луѓе кои "оделе по вратите на богатите", го ширеле ова верување, нудејќи им на градовите и на поединците средства за прочистување од гревовите што ги извршиле. Меѓу нив веројатно се сметаат и орфеотелестите[32], за кои зборувал Теофраст.

Значењето на орфизмот[уреди | уреди извор]

Дали орфизмот е филозофија или религијата? Тој секако не бил филозофски систем, бидејќи немал развиена доктрина. Се базирал на мит, потекнал од популарната орална поезија од минатото, за природата на универзумот и задгробниот живот на душата. Филозофското значење на орфичката литература лежи во нејзиното влијание, прво кај Питагора и Емпедокле, а потоа и кај Платон.

Орфизмот самиот по себе не бил ни религија, иако бил тесно поврзан со иницијациите во Елефсина и на други места, кои пак биле највпечатливите верски манифестации на Стара Грција. Религиската длабочина на орфизмот не треба да се преувеличува бидејќи немало организирани ритуали, верски заедници или свештенство. Во смислата во која вообичаено го употребуваме зборот религија во проучувањето на античкиот свет, орфизмот не бил религија[9].

Види[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Приказната во старогрчката митологија се однесува на Данаидите (50 ќерки на Дан, кралот на Аргос) кои биле осудени вечно да полнат вода во буриња со дупнато дно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sexuality in Greek and Roman Culture by Marilyn B. Skinner, 2005, page 135, "... of life, there was no coherent religious movement properly termed "Orphism" (Dodds 1957: 147-9; West 1983: 2-3). Even if there were, ..."
  2. Three Faces of God by David L. Miller, 2005, Back Matter: "... assumed that this was a Christian trinitarian influence on late Hellenistic Orphism, but it may be that the Old Neoplatonists were closer ..."
  3. History of Humanity: From the seventh century B.C.E. to the seventh century C.E. Routledge reference, Siegfried J. de Laet, UNESCO, 1996, , pp. 182–183.
  4. Orphic religion“, „Encyclopedia Britannica“. (на en)
  5. Apollodorus (Pseudo Apollodorus), Library and Epitome, 1.3.2. "Orpheus also invented the mysteries of Dionysus, and having been torn in pieces by the Maenads he is buried in Pieria."
  6. Backgrounds of Early Christianity by Everett Ferguson, 2003, page 162, "Orphism began in the sixth century BCE"
  7. W. K. C. Guthrie, The Greeks & Their Gods (Beacon, 1954), p. 322; Kirk, Raven, & Schofield, The Presocratic Philosophers (Cambridge, 1983, 2nd edition), pp. 21, 30–31, 33; Parker, "Early Orphism", pp. 485, 497
  8. Parker, "Early Orphism", pp. 484, 487.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 "Orphism - Dictionary definition of Orphism | Encyclopedia.com: FREE online dictionary". www.encyclopedia.com. конс. 2018-01-19. 
  10. (на en) The Orphic Hymns. JHU Press. 2013-05-29. ISBN 9781421408866. https://books.google.mk/books?id=iaEIvzlc41QC&pg=PA6&lpg=PA6&dq=Ineffable,+hidden,+brilliant+scion,+whose+motion+is+whirring,+you+scattered+the+dark+mist+that+lay+before+your+eyes+and,+flapping+your+wings,+you+whirled+about,+and+through+this+world+you+brought+pure+light.&source=bl&ots=caxjKazcFq&sig=9rf-xjv87oB5v63keOF67MfCl24&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwjao9CbzuPYAhUF1iwKHV7AD8AQ6AEIQzAH#v=onepage&q=Ineffable,%20hidden,%20brilliant%20scion,%20whose%20motion%20is%20whirring,%20you%20scattered%20the%20dark%20mist%20that%20lay%20before%20your%20eyes%20and,%20flapping%20your%20wings,%20you%20whirled%20about,%20and%20through%20this%20world%20you%20brought%20pure%20light.&f=false. 
  11. "Orphic Egg (World Egg, Cosmic Egg)". symboldictionary.net (en-US). конс. 2018-01-19. 
  12. "The Derveni Papyrus: An Interdisciplinary Research Project". Harvard University, Center for Hellenic Studies. 
  13. Kirk, Raven, & Schofield, The Presocratic Philosophers (Cambridge, 1983, 2nd edition), pp. 30–31
  14. "Orphism - Dictionary definition of Orphism | Encyclopedia.com: FREE online dictionary". www.encyclopedia.com. конс. 2018-01-19. 
  15. "Titan (mythology) facts, information, pictures | Encyclopedia.com articles about Titan (mythology)". www.encyclopedia.com. конс. 2018-01-19. 
  16. Firmicus Maternus, De errore profanarum religionum 6.4
  17. British Museum Collection
  18. "Gorgias - Plato | Armstrong Economics". www.armstrongeconomics.com. конс. 2018-01-19. 
  19. "HADES Page 2 - The Underworld of Greek Mythology". www.theoi.com. конс. 2018-01-19. 
  20. "Plato (Ft. Benjamin Jowett) – Phaedo (Full Text)". Genius. конс. 2018-01-19. 
  21. d',, Hoine, Pieter; Marije,, Martijn,. All from one : a guide to Proclus (First edition издание). Oxford, United Kingdom. ISBN 9780199640331. OCLC 952384270. https://www.worldcat.org/oclc/952384270. 
  22. Sider, David; Obbink, Dirk (2013-10-30). Doctrine and Doxography. стр. 160. ISBN 9783110331370. https://books.google.co.in/books?id=NCfoBQAAQBAJ&pg=PA160. 
  23. Numerous tablets contain this essential formula with minor variations; for the Greek texts and translations, see Fritz Graf and Sarah Iles Johnston, Ritual Texts for the Afterlife: Orpheus and the Bacchic Gold Tablets (Routlege, 2007), pp. 4–5 (Hipponion, 400 BC), 6–7 (Petelia, 4th century BC), pp. 16–17 (Entella, possibly 3rd century BC), pp. 20–25 (five tablets from Eleutherna, Crete, 2nd or 1st century BC), pp. 26–27 (Mylopotamos, 2nd century BC), pp. 28–29 (Rethymnon, 2nd or 1st century BC), pp. 34–35 (Pharsalos, Thessaly, 350–300 BC), and pp. 40–41 (Thessaly, mid-4th century BC) online.
  24. Tablet from Pelinna, late 4th century BC, in Graf and Johnston, Ritual Texts for the Afterlife, pp. 36–37.
  25. Parker, "Early Orphism", p. 501.
  26. Aristotle; Ross, W. D. (William David), 1877; Smith, J. A. (John Alexander), 1863-1939 (1908). The works of Aristotle. стр. 80. https://archive.org/details/worksofaristotle12arisuoft. 
  27. Bertrand Russel (1947). History of Western Philosophy. George Allen and Unwin. стр. 37. https://archive.org/details/westernphilosoph035502mbp. 
  28. Bertrand Russel (1947). History of Western Philosophy. George Allen and Unwin. стр. 111. https://archive.org/details/westernphilosoph035502mbp. 
  29. Sophie., Mills, (2002). Euripides : Hippolytus. London: Duckworth. ISBN 0715629743. OCLC 48679130. https://www.worldcat.org/oclc/48679130. 
  30. Aristophanes (1848) (на en). The Frogs of Aristophanes. T. Combe, printer to the University. Sold by John Henry Parker, Oxford, and 377, Strand, London.. https://books.google.mk/books?id=cxQEAAAAQAAJ&printsec=frontcover&dq=aristophanes+frogs&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwjXlOu-j-TYAhWEFywKHUrWCS0Q6AEILDAB#v=onepage&q=aristophanes%20frogs&f=false. 
  31. Encyclopedia of Philosophy,1967
  32. Andrej,, Petrovic,. Inner purity and pollution in Greek religion. Volume I, Early Greek religion. Oxford. ISBN 0198768044. OCLC 962408653. https://www.worldcat.org/oclc/962408653. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Albinus, L. (2000). The house of Hades: Studies in ancient Greek eschatology. Aarhus [Denmark: Aarhus University Press. 9788772888330
  • Alderink, Larry J. Creation and Salvation in Ancient Orphism. University Park: American Philological Association, 1981. 9780891305026
  • Athanassakis, Apostolos N. Orphic Hymns: Text, Translation, and Notes. Missoula: Scholars Press for the Society of Biblical Literature, 1977. 9780891301196
  • Baird, William. History of New Testament Research, volume two: From Jonathan Edwards to Rudolf Bultmann". Minneapolis, Minn: Fortress Press. 2002, 393. 9780800626273
  • Bernabé, Albertus (ed.), Orphicorum et Orphicis similium testimonia et fragmenta. Poetae Epici Graeci. Pars II. Fasc. 1. Bibliotheca Teubneriana, München/Leipzig: K.G. Saur, 2004. 3-598-71707-5
  • Bernabé, Alberto. “Some Thoughts about the ‘New’ Gold Tablet from Pherai.” Zeitschrift für Papyrologie und Epigraphik 166 (2008): 53-58.
  • Bernabé, Alberto and Ana Isabel Jiménez San Cristóbal. 2008. Instructions for the Netherworld: the Orphic Gold Tablets. Boston: Brill. 9789047423744
  • Betegh, Gábor. 2006. The Derveni Papyrus: Cosmology, Theology and Interpretation. Cambridge. 9780521801089
  • Bikerman, E. "The Orphic Blessing". Journal of the Warburg and Courtauld Institutes 2 (1938–39): 368-74.
  • Bremmer, Jan. "Orphism, Pythagoras, and the Rise of the Immortal Soul". The Rise and Fall of the Afterlife: The 1995 Read-Tuckwell Lectures at the University of Bristol. New York: Routledge, 2002. 11-26. 9780415141475
  • Bremmer, Jan. "Rationalization and Disenchantment in Ancient Greece: Max Weber among the Pythagoreans and Orphics?" From Myth to Reason: Studies in the Development of Greek Thought. Ed. Richard Buxton. Oxford: Oxford University Press, 1999. 71-83.
  • Brisson Luc. "Orphée et l'orphisme dans l'antiquité gréco-romaine". Aldershot: Variorum, 1995, env. 200 p. (pagination multiple), 0-86078-453-3.
  • Burkert, Walter. 2004. Babylon, Memphis, Persepolis: Eastern Contexts of Greek Culture. Cambridge, MA. 9780674014893
  • Burkert, Walter. "Craft Versus Sect: The Problem of Orphics and Pythagoreans". Jewish and Christian Self-Definition: Volume Three - Self-Definition in the Greco-Roman World. Ed. B. Meyer and E. P. Sanders. Philadelphia: Fortress, 1982.
  • Comparetti, Domenico, and Cecil Smith. "The Petelia Gold Tablet". The Journal of Hellenic Studies 3 (1882): 111-18.
  • Dungan, David L. A History of the Synoptic Problem: The Canon, the Text, the Composition, and the Interpretation of the Gospels. New York: Doubleday, 1999. Print. 54-55. 9780385471923
  • Edmonds, Radcliffe. Myths of the Underworld Journey: Plato, Aristophanes, and the 'Orphic' Gold Tablets. New York: Cambridge University Press, 2004. 9780521834346
  • Edmunds, Radcliffe. “Tearing Apart the Zagreus Myth: A Few Disparaging Remarks on Orphism and Original Sin.” Classical Antiquity 18.1 (1999): 35-73.
  • Finkelberg, Aryeh. "On the Unity of Orphic and Milesian Thought". The Harvard Theological Review 79 (1986): 321-35. ISSN 0017-8160
  • Graf, Fritz. Eleusis und die orphische Dichtung Athens. Berlin, New York, 1974 9783110044980.
  • Graf, Fritz. "Dionysian and Orphic Eschatology: New Texts and Old Questions". Masks of Dionysus. Ed. T. Carpenter and C. Faraone. Ithaca: Cornell UP, 1993. 239-58, ISSN 0012-9356.
  • Graf, Fritz, and Sarah Iles Johnston. 2007. Ritual texts for the Afterlife: Orpheus and the Bacchic Gold Tablets. Routledge: London, New York, 9780415415507.
  • Guthrie, W. K. C. 1935, revised 1952. Orpheus and Greek Religion: A Study of the Orphic Movement. London.
  • Harrison, Jane Ellen. Prolegomena to the Study of Greek Religion. Cambridge: Cambridge University Press, 1903.
  • Herrero de Jáuregui, Miguel. "Orphism and Christianity in Late Antiquity". Berlin / New York: Walter de Gruyter, 2010, 9783110216608.
  • Kern, Otto. Orphicorum fragmenta, Berolini apud Weidmannos, 1922.
  • Linforth, Ivan M. Arts of Orpheus. New York: Arno Press, 1973.
  • Martin, Luther H. Hellenistic Religions: An Introduction 1987, 102, 9780195043907.
  • Nilsson, Martin. "Early Orphism and Kindred Religious Movements". The Harvard Theological Review 28.3 (1935): 181–230.
  • Parker, Robert. "Early Orphism" The Greek World. Ed. Anton Powell. New York: Routledge, 1995. 483–510, 9780415060318.
  • Pugliese Carratelli, Giovanni. 2001. Le lamine doro orfiche. Milano, Libri Scheiwiller.
  • Robertson, Noel. “Orphic Mysteries and Dionysiac Ritual.” Greek Mysteries: the Archaeology and Ritual of Ancient Greek Secret Cults. Ed. Michael B. Cosmopoulos. New York: Routledge, 2004. 218-40, 9780415248723.
  • Sournia Alain. Chap. "Sagesse orientale et philosophie occidentale : la période axiale" in Fondements d'une philosophie sauvage. Connaissances et savoirs, 2012, 300 p., 9782753901872.
  • Tierney, M. "The Origins of Orphism". The Irish Theological Quarterly 17 (1922): 112–27.
  • West, Martin L. "Graeco-Oriental Orphism in the 3rd cent. BC". Assimilation et résistence à la culture Gréco-romaine dans le monde ancient: Travaux du VIe Congrès International d’Etudes Classiques. Ed. D. M. Pippidi. Paris: Belles Lettres, 1976. 221–26.
  • West, Martin L. 1983. Orphic Poems. Oxford, 9780198148548.
  • Wroe, Ann. Orpheus: The Song of Life, The Overlook Press, New York: 2012, 9781590207789.
  • Zuntz, Günther. Persephone: Three Essays on Religion and Thought in Magna Graecia. Oxford: Clarendon Press, 1971, 9780198142867.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]