Павзаниј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Павзаниј бил крал на Античка Македонија кој владеел во 393 п.н.е.

Павзаниј бил син на кралот Аероп II. По таткова линија ѝ припаѓал на династијата Врскаестиди, кои делувале во северозападна Македонија. Владеел една година, и според Диодор Сицилиски бил убиен од Аминта II, внук на Александар I, кој го зазел престолот (Диодор, 14.89). Во хронологијата на владетели Павзаниј понекогаш стои по Аминта II според распоредот на династиските таблици на Хрониката на Есевиј, кој ја составувал во IV век според претходните записи на грчките историчари и делумно според Диодор. Историјата за него е оскудна и конфузна. Во ова време македонските владетели се менувале често во меѓусебна борба за престолот, а и името Аминта истовремено го носеле неколку членови на династијата Аргеади.


Претходник
Аероп II
Крал на Античка Македонија
393 п.н.е.
Наследник
Аминта II

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Диодор, «Историческая библиотека» СПб, 1774.