Филип II Македонски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип II Македонски
Крал на Македонија

Биста на Филип II Македонски.
Владеење 359 п.н.е.336 п.н.е.
Почивалиште Ајга, Македонија
Претходник Пердика III
Наследник Александар Македонски
Сопруги Аудата
Фила
Никасиполис
Филина
Олимпија
Меда од Одеса
Клеопатра Евридика
Деца Кинана
Филип III
Александар Македонски
Клеопатра
Тесалоника
Птоломеј I Сотер
Династија Аргеадска династија
Татко Аминта III
Мајка Евридика II

Филип II Македонски (382 п.н.е. - октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Монета со ликот на Филип II Македонски
Македонската фаланга во формација „синтагма" од 256 војника по одред

Рани години[уреди]

Филип бил роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на царот Аминта III и царицата Евридика. Во младоста (во периодот од 368 п.н.е. - 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

Реформи и походи[уреди]

Наскоро по доаѓањето на власт Филип извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане регионална сила.

Тој водел повеќе успешни војни со соседите. Најпрво, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните маледонски племиња и ја проширил својата власт на север до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја зазел aтинската колонија Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета, која почнала да се употребува и во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженил со eпирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип го освојува градот Кренид, кој го преименува во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. ја освоил атинската колонија Метон, при што во битка го изгубил едното око.

Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од страна на Атињаните во Термопили, во 352 п.н.е. Истата година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продрe јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Хебрус (словенско име: Марица).

Во 349 п.н.е. Филип ја започнува опсадата над халкидскиот град Олинт, првично негов сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз со Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја, а неговите жители Филип ги продава како робови. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход и против Скитите на север.

Во 340 п.н.е. Филип ја започнува опсадата на Перинт, а потоа во 339 п.н.е. и на Визант, но и двете опсади завршуваат неуспешно.

Мапа на територијата на Филип II од Македон

Битката кај Херонеја и Коринтската лига[уреди]

Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во Грција. Сепак, набрзо Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани во битката кај Херонеја во 338 п.н.е.

Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, биле приморани да го потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја формираат Коринската лига. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно, склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овој договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач (хегемон) т.е. за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни востанија во Грција тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го презеде против најголемата тогашна империја Персија.

Споменик на Филип, Скопје

Сепак, Филип не успева да го поведе походот против Персија. Во 336 п.н.е. бил убиен во Ајга за време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и Клеопатра, ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија. Убиец бил Павзаниј од Орестида, еден од неговите седум телохранители.

Бракови[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]