Коин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коин
Изговор современ Шаблон:IPA-el
Застапен во Источното Римско Царство
Ера 300 п.н.е. – 300 г.
Јазично семејство
Индо-Европски
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguist grc-koi

Коин (грчки: Ελληνιστική Κοινή[1] МФА: [kɔɪnɛ̝^], современ грчки МФА: [kʲiˈni e̞liniˈkʲi], "заеднички грчки" или ἡ κοινὴ διάλεκτος, [i kʲiˈni ðiˈale̞kto̞s], „заеднички дијалект“) е популарна форма на грчкиот јазик која се развила во посткласичниот период, односно помеѓу 300 п.н.е. и 300 година. Овој јазик исто така се нарекува александриски, хеленистички, патристички, заеднички или библски грчки. Во антиката се користеле изразите коине, хеленски, александриски и македонски;[2][3] за да се нагласи разликата со античкиот дијалект. Коин претставувал прв заеднички надрегионален грчки дијалект а покасно служел како лингва франка за источниот медитеран и Блискиот исток за време на римското владеење. Важен е и како оригинален јазик на кој е напишан Новиот завет на христијанската Библија односно Septuaginta (грчки превод на Стариот завет).[4] Коин е главен предок на модерниот грчки јазик.

Референци[уреди]

  1. Κοπιδάκης, Μ. Ζ. "Εισαγωγή στην Ελληνιστική Κοινή", u Ιστορία της Ελληνικής Γλώσσας, Κοπιδάκης, Μ.Ζ. (ed.), Atena, 1999, pp. 82-92
  2. Remarks on the synonyms of the New Testament by Johann August Heinrich Tittmann, Edward Craig, Edward Robinson, Moses Stuart pg 148-155
  3. A history of ancient Greek by Maria Chritē, Maria Arapopoulou, Centre for the Greek Language (Thessalonikē, Greece) pg 436 ISBN 0-521-83307-8
  4. Andriotis, Nikolaos P. History of the Greek Language.

Литература[уреди]

  • Abel, F.-M. Grammaire du grec biblique.
  • Allen, W. Sidney, Vox Graeca: a guide to the pronunciation of classical Greek – 3rd ed., Cambridge University Press, 1987. ISBN 0-521-33555-8
  • Andriotis, Nikolaos P. History of the Greek Language
  • Buth, Randall, Ἡ κοινὴ προφορά: Koine Greek of Early Roman Period
  • Conybeare, F.C. and Stock, St. George. Grammar of Septuagint Greek: With Selected Readings, Vocabularies, and Updated Indexes.
  • Smyth, Herbert Weir, Greek Grammar, Harvard University Press, 1956. ISBN 0-674-36250-0