Аминта III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аминта III

Сребрен статер на Аминта III
Претходник Архелај I
Наследник

Александар II

Филип II
Сопружник Евридика I
Деца Филип II
Александар II
Родители Аридеј
Роднини Александар III Македонски

Аминта III — крал на Македонија од 393 п.н.е. (или 389) до 369 п.н.е.. Бил син на Аридеј и дедо на Александар III Македонски.

Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.

Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го намали Олинт (379 п.н.е.). Исто така, влегол во сојуз со Јасон Ферски и предано одржувал пријателство со Атина.

Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски.

Чествување[уреди]

Името на овој крал го носи популарна улица центарот на Скопје, чиј пораншен назив гласел „Ленинова“.[1]

Наводи[уреди]