Тесалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тесалија
Περιφέρεια Θεσσαλίας
Областа Тесалија во Грција
 
Главен град Лариса
Окрузи Кардица
Лариса
Магнесија
Трикала
Население 760.714 (2005)
Површина 14.037 км²
Густина 54 жит/км²
Податоци...
Портал www.thessalia.gr

Тесалија (грчки: Θεσσαλία) — една од тринаесетте периферии на Грција, и е поделена на уште четири окрузи. Главниот град на периферијата е Лариса. Округот лежи во Централна Грција и се граничи со Егејска Македонија на север, Епир на запад, Централна Грција на југ и Егејското Море на исток.

Географија[уреди | уреди извор]

Нејзината географија се состои од планински прстен кои ја опкружуваат централната рамнина: низините Трикала и Лариса. Тука има изразена летна и зимска сезона, со летни дождови кои ја зголемуваат плодноста на рамнините. Поради ова Тесалија понекогаш се нарекува и кошницата леб на Грција.

Овој регион е јасно ограничен со топографски граници. Планините Касија и Камбунијан лежат на север, масивот на планината Олимп на североисток. На запад лежи планинскиот венец Пинд, на југоисток крајбрежјата Оса и Пелион.

Седумте притоки на реката Пенеј течат низ краиштата.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Постојат бројни автопати како и главна железница кои водат од Атина до Солун кои минуваат низ Тесалија.

Историја[уреди | уреди извор]

Тесалија била дом на развиена неолитна култура околу 2500 п.н.е. Откриени се исто така микенски живеалишта, на пример на местата Јолкос, Димини и Сескло (близу Волос). Подоцна, во антички грчки времиња, низините во Тесалија станале дом на баронски семејства, како Алеадите од Лариса или Скопадите од Кранон. Овие баронски семејства организирале федерација низ целиот регион на Тесалија, и подоцна ја контролирале Амфиктионската Лига во северна Грција. Тесалијците биле реномирани по нивната коњаница.

За време на Грчко-персиската војна Алеадите им се придружиле на Персијците. Во 4 век п.н.е. Тесалија станала зависно владение на Македонија и многумина служеле како вазали. Во 148 п.н.е. Римјани формално ја вклучиле Тесалија во провинцијата Македонија, но во 300 Тесалија била издвоена како одделна провинција со свој главен град во Лариса. Останала дел од источната Римсото царство сè до 13 век, кога големи делови од Тесалија биле контролирани од влашки сточари (видете Голема Влашка). По Четвртата крстоносна војна Тесалија потпаднала под контролата на Солунското Кралство, но во 1215 било освоена од Теодор Комнин Дука и станала дел од независните територии под власт на тоа семејство. Династијата завршила во 1318 и била проследена од период на византиска и српска доминација. По уште еден период на независност, Тесалија била освоена од Отоманското Царство во 1394. Во 1881 Отоманското Царство изгубила поголем дел од Тесалија во однос на Грција.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Тесалија е поделена на 5 окрузи: