Прејди на содржината

Епир (област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на административната област Епир. За други значења видете Епир.
Епир
Περιφέρεια Ηπείρου
Областа Епир во Грција
 
Главен градЈанина
ОкрузиАрта
Јанина
Превеза
Теспротија
Население358.698 (2005)
Површина9.203 км²
Густина39 жит/км²
Податоци...
Порталwww.roe.gr

Епир (грчки: Ήπειρος) — област во северозападна Грција. Се граничи со Западна Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9.200 км2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија.

Територијално-административна поделба на Епир

[уреди | уреди извор]

Епир е поделен на четири подобласти, наречени „номи“' (грчки: νομοί), кои пак, од своја страна се поделени на општини наречени „дими“ (грчки: δήμοι). Четирите општини се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во грчкиот Епир живеат околу 350.000 луѓе. Најголем дел од населението се Грци, но има и Власи и Албанци. И тие, како и Македонците не се признати како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.

Географија и екологија

[уреди | уреди извор]

Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција. Климата на Епир е главно алпска. Растителността се состои претежно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Од економски аспект, Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделството е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.