Мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мечки
Период: ран миоцен - денес
Кафеава мечка (Ursus arctos)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мечки
фон Валдхајм, 1817
Родови

Ailuropoda
Ursus
Tremarctos

Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.

Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.

Биологија[уреди | уреди извор]

Заби[уреди | уреди извор]

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови (Carnivora), забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од месојади во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.

Презимување[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.

Класификација[уреди | уреди извор]

Кафеава мечка Ursus arctos
Азиска црна мечка Ursus thibetanus, во Вроцлавската зоолошка градина, Полска
Сончева мечка Helarctos malayanus
Џиновска панда Ailuropoda melanoleuca

Семејството Ursidae е утврдено од Јохан Фишер фон Валдхајм (Johann Fischer von Waldheim, 1771-1853) во 1817 година.

Мечката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Мечката во народното творештво[уреди | уреди извор]

  • „Детето и мечката“ — влашка народна приказна.[1]
  • „Лисицата, мечката и сиромавиот“ - унгарска народна приказна.[2]
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[3]
  • „Како се излажала мечката“ (српски: Како се медвјед преварио) - српска народна приказна.[4]

Мечката како мотив во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Железно крзно“ - расказ на рускиот писател Иван Бунин.[5]
  • „Мечешка приспивна песна“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[6]
  • „И мајките грешат“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[7]
  • „Среќа во несреќа“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[8]
  • „Лавот и мечката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „На Медо му згорчи медот“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[10]
  • „Мецана“ — песна на Васил Куноски.[11]
  • „Песна за болната баба меца“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[12]
  • „Медо Медокрадец“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[13]
  • „Добро дело“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[14]
  • „На слава кај мечката“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[15]
  • „Мечки“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[16]

Мечката како мотив во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Сајмон Смит и неверојатната мечка што танцува“ (англиски: Simon Smith And The Amazing Dancing Bear) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[17]
  • „Сакам да бидам мечка“ (англиски: I Wanna be a Bear) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 41-42.
  2. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 104-106.
  3. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 248-250.
  4. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 426.
  5. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 33-35.
  6. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 25.
  7. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 82-83.
  8. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 107.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 91-92.
  10. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 13-14.
  11. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 43.
  12. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 13-14.
  13. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 15.
  14. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 52.
  15. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 34.
  16. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 20.
  17. Randy Newman ‎– Sail Away (пристапено на 23.1.2017)
  18. YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)