Прејди на содржината

Хималајска кафеава мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хималајска кафеава мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos isabellinus
Horsfield

Хималајската кафеава мечка (Ursus arctos isabellinus) е подвид на кафеавата мечка (Ursus arctos), со црвеникава боја на крзно поради што е позната и под името Хималајска црвена мечка. Живеат во регионите на Хималаите и северен Пакистан, до Дачигам и Кашмир. Точниот број на единки е непознат, но се проценува дека во националниот парк Деосаи има околу 20-28 единки[1]. Се претпоставува дека овој вид (слично како и Тибетската сина мечка) може да биде причина за легендата за Јети[2][3].

Кај овие мечки има полов диморфизам, односно мажјаците се поголеми од женките. Мажјаците достигнуваат должина од 1,5 до 2,2 метри, доека женките се со должина од 1,37 до 1,83 метри. Оваа мечка е најголемотo животно кое живее на просторот на националниот парк Деосаи.

Мечките зимата ја поминуваат хибернирајќи од октомври до април или мај. Хималајските кафеави мечки се сештојади и се храната со растенија, корења, плодови, но и инсекти и мали цицачи. Понекогаш можат да нападнат и да изедат овца или коза.

  1. „Животни во Пакистан“. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 2008-11-17.
  2. The Japan Times, 18 септември 2003.
  3. BBC News — Yeti's 'non-existence' hard to bear

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]