Живко Ризовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Живко Ризовски (1 септември 1940, Пехчево) — македонски писател и македонист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Живко Ризовски е роден на 1 септември 1940 година, во Пехчево. Тој имал две сестри: Марија и Виолета. Во родниот град завршил основно училиште, а во Штип завршил учителска школа. Дипломирал историја на книжевностите на народите на Југославија на Филозофскиот факултет во Скопје, а подоцна магистрирал во областа на македонистиката. Најголем дел од работниот век го поминал во Институтот за македонски јазик, „Крсте Мисирков“. Живеел во Скопје.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Покрај со научната работа во областа на македонистиката, Ризовски се занимавал и со пишување. Во 1995 година ја објавил збирката поезија за деца, „Дете и светулка“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995.
  2. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995.