Прејди на содржината

Формозанска црна мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Формозанска црна мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus thibetanus
Триномен назив
Ursus thibetanus formosanus
Swinhoe, 1864

Формозанската црна мечка (Ursus thibetanus formosanus) е под-вид на Азиската црна мечка. Формозиската мечка е ендемски вид во Тајван и е најголемото животно и единствената мечка која живее на островот. Најчесто се среќаваат во планинските шумски предели во источниот дел на островот, на надморска височина од 1000 до 3500 метри.

Формозиските црни мечки се сештојади и најчесто се хранат со листови, плодови, корења, инсекти и мали цицачи. Понекогаш се случува да јадат и мрша. Најчесто се движат сами, освен во сезоната за парење или кога мајката има малечки.

Занимливости

[уреди | уреди извор]

Логото на „La New Bears“ , професионален безбол тим од Тајван, е Формозиска црна мечка.