Киро Донев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Киро Донев е македонски писател за деца и млади и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Киро Донев е роден во с. Моноспитово, Струмичко на 21 март 1942 година.Беше новинар, главен и одговорен уредник и директор на „детска радост“ приНИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1970 година. Денес како пензионер живее во родното село.

Автор е на книгите: Жаба спикер (поезија, 1967), Било - не било (раскази, 1969), Априли - ли (пиески, 1969), Да се запознаеме (раскази, 1971), Мешана салата (хумористично-сатирична проза, 1972), Ај погоди (гатанки, 1982), Битката на Мечкин камен (повест, 1982), Шенко (роман, 1983), Јордан Пиперката (повест, 1983), Пере Тошев (повест, 1984), Стражари на мирот (раскази, 1985), Збркана сказна (роман, 1986), Мојот свет (избор, 1986), Ден по ден година (раскази, 1987), Ајде да патуваме (сликовница, 1988), Внукот на мајорот (роман, 1989), Шарена криенка (раскази, 1990), Наталија во лагалија (сликовница, 1990), Таинтсвена книга (сликовница, 1990), Ден по ден година (сликовница, 1991), Манастирски ѕвона (роман, 1992), Далаверите на Добре лошиот (роман, 1992), Четириножните рицари (роман, 1993), Азбучна криенка (гатанки, 1995), Стихувани случки за внучиња и внучки (поезија, 1997), Надуенка (раскази, 1997), Збркана бајка (роман, 1997), Шарена криенка (раскази, 1998), Киндер квачка (роман, 1999), Приказни од Зоопаркот (раскази, 2000), Дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка (раскази, 2011),Театар без билет (раскази, 2010), Приказни од куќичката на дрво (раскази, 2014), Секој има право да се храни здраво (песни, 2014), Приказни од цел свет за добра ноќ (приказни, 2014), Јамболија што лае (раскази, 2015), Училишен театар (пиески за деца, 2016), Приказни за годишните времиња (раскази на бугарски јазик,2016), Збркана сказна (роман на бугарски и украински јазик,2016), Весел зоопарк (раскази на бугарски и украински јазик, 2016), Стихови во боја за дедо мраз (песни, 2017), Било и се скрило (поезија, 2017).

Автор е и на десетина радио и ТВ драми за деца и млади. Неговите книги се преведени на: српско-хрватски, турски, албански, бугарски, украински и руски јазик.

Добитник на наградите: „Гоцева повелба“ - Подгорци, „Ванчо Николески“за најдобра книга за деца, награда Курирче и„Струшко изгрејсонце“на фондацијата„Македонија презент“.