Гобиска мечка
Изглед
| Гобиска мечка | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Семејство: | Ursidae |
| Род: | Ursus |
| Вид: | Ursus arctos |
| Триномен назив | |
| Ursus arctos gobiensis | |
Гобиската мечка (Ursus arctos gobiensis) е под-вид на кафеава мечка која живее во пустината Гоби во Монголија. Денес се оначени како многу редок вид и исто така претставуваат загрозен вид. Популацијата на овие мечки се проценува на околу 30 единки.
Гобиските мечки се срамежливи животни кои избегнуваат каков било контакт со човекот. Како и останатите мечки и овие се сештојади. Се разликуваат од останатите варијанти на кафеава мечка по подолгите екстремитети и златната нијанса на нивното крзно. Имаат должина од 1,5 метри и тежат помеѓу 90 и 100 килограми. Се смета дека оваа популација е останата од времето кога немало толку сурови климатски услови во овие региони.
Извори
[уреди | уреди извор]- Ursus arctos gobiensis Архивирано на 19 септември 2008 г.