Камчатска кафеава мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Камчатска кафеава мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos beringianus
von Middendorff, 1853

Камчатска кафеава мечка (науч. Ursus arctos beringianus) — подвид на кафевата мечка, кој живее на полуостровот Камчатка, Карагински Остров, и северно преку округот Корјак. Може да се сретне и на западниот брег на Охотското Море, на островите Шантар и на северните Курилски Острови.

Одлики[уреди | уреди извор]

Овие мечки се физички доста слични на кодијакот од Алјаска, иако се со потемно крзно и малку помали[1]. Иако доминираат индивидуи со темно крзно сепак бојата може да варира од кафеаво-црна до темно жолта. Канџите се темнокафени со жолти краеви и достигнуваат должина од 100 милиметри. Исправени, овие мечки достигнуваат должина од 2,75 метри, опашката им е долга од 16,5 до 21 сантиметар. Камчатската кафеава мечка е еден од најголемите подвидови на кафеaвата мечка, и достигнува тежина од 3/4 од тон. Најголемите индивидуи живеат на Камчатка и на островите Шантар. Како и мечките од Аљаска и овие мечки растат огромни поради нивната исхрана која е богата со белковини, и која се состои од ловење на лосос[2] во крајбрежните реки, и поради благата клима поради која имаат многу краток период на хибернација[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Join the Russian Hunting Agency for a Brown Bear Hunt“. Russian Hunting Agency. http://www.russianbearhunt.com/. конс. 22 март 2008 г. 
  2. Kamchatka Brown Bear at kamchatkapeninsula.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]