Пештерска мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештерска мечка
Период: Среден и доцен Плеистоцен,
Податотека:Niedzwiedz jaskiniowy pl.jpg
скелет на пештерска мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Научен назив
Ursus spelaeus
Rosenmüller, 1794

Пештерската мечка (Ursus spelaeus) е вид на мечка која живеела во Европа за време на плеистоценот, и исчезнува на крајот на последното ледено доба пред околу 20 000 години. Името пештерска мечка и латинското име spelaeus се дадени поради фактот дека најчесто фосили од оваа мечка се пронајдени во пештери, што укажува дека овој вид поминувал многу повеќе време во пештерите од кафеавата мечка која ги користи само за периодот на хибернација.

Многу пештери во Европа имаат скелети од пештерски мечки. Дел од нив се Heinrichshöhle во Хемер и Dechenhöhle во Исерлохн во Германија. Во Романија постои пештера која го носи името Peştera Urşilor (Мечкина пештера) каде во 1983 година се пронајдени 140 скелети на пештерска мечка[1].

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Пештерските мечки живееле низ цела Европа, од Шпанија до Евроазија, и од Италија и Грција до Белгија, Холандија и најверојатно Велика Британија. Ги имало во Германија, Полска, Унгарија, Романија и делови од Русија. Нема докази дека овие мечки живееле во северна Британија, Скандинавија и балтичките земји, кои во тој период биле под длабок мраз. Најголемите останки од овој вид се пронајдени во Австрија, Швајцарија, јужна Германија, северна Италија, северна Шпанија, Хрватска, Унгарија и Романија. Иако во некои пештери се пронајдени огромен број на скелети, научниците сметаат дека тоа е поради акумулацијата на скелети во периодот од 100 000 години, што би значело одприлика 2 смртни случаи годишно[2].

Еволуција[уреди | уреди извор]

Череп на Ursus spelaeus. Пештерските мечки ги немаат 2-3 преткатник кои се вообичаени за останатите мечки

Пештерската мечка се смета дека е потомок од Ертрускиската мечка (Ursus etruscus) преку Денингеровата мечка (Ursus deningeri), од плеистоценот пред околу половина милион години. Сепак во 2001 година е докажано дека пештерската мечка се одделила многу порано од лозата на кафеавата мечка која е од пред 1,2 милиони години[3]. Фосили на единки најдени во резлични региони варираат во возраст и со еволуцискиот напредок, што го олеснува истражувањето на нивниот развиток. Трите предни преткатници, се намалуваат а потоа и исчезнуваат. За претежно вегетаријанската пештерска мечка овие три преткатници станале непотребни. Кај една четвртина од пронајдените черепи третиот преткатник е сѐ уште присутен, за разлика од останатите еволутвно понапреднати единки. Четвртиот преткатник се развил во катник. Овој феномен познат како моларизација ги подобрил џвакачките капацитети, олеснувајќи ја преработката на храна од растително потекло. Ова и овозможило на пештерската мечка да се здобие со повеќе енергија за хибернација, јадејќи помалку од нејзините предци[4].

Опис[уреди | уреди извор]

Анатомија[уреди | уреди извор]

Исправен скелет на пештерска мечка

Пештерската мечка имале многу широк заоблен череп со доста остро чело. Имале масивно тело и стапала свртени навнатре, што го прави нејзинот скелет сличен на оној на кафеавата мечка. Просечната тежина кај мажјаците е 400 кг[5]. Некои експерти претпоставуваат дека тежеле и повеќе, односно околу 500-600 кг[6]. Мажјаците биле поголеми од женките (види полов диморфизам). 90% од скелетите на пештерски мечки во музеите припаѓаат на мажјаци. Мечките од последното ледено доба, имаат недостиг на вообичаените 2-3 преткатници кои се присутни кај останатите мечки[7].

Исхрана[уреди | уреди извор]

Морфолошката структура на вилиците и забите укажуваат на конзумирање храна од растително потекло. Ова е потврдено и со резултатите добиени по анализите на стабилни изотопи во коските на пештерските мечки[8]. Коските од мечките кои живееле во централна и западна Европа одговараат на вегетаријанци – имаат ниско ниво на азот-15, кој се акумулира кај месојадите. Сепак, на неколку места во југозападниот дел на Карпатите, според овие анализи, живееле мечки кои биле месојади (високо ниво на азот-15 во нивните коски). Ова однесување е очигледно и поради тоа што во западна Турција се пронајдени белези од заби на черепи на млади пештерски мечки[9]. Се мисли дека ова канибалистичко однесување претставува мал дел од воглавно вегетарјанската исхрана. Денталните анализи покажуваат дека пештерската мечка можеби се хранела со поголема количина на коски од неговата денешна роднина – Евроазиската кафеава мечка [8].

Смртност[уреди | уреди извор]

Смрт за време на хибернација било честа појава кај мечките од видот пештерска мечка, особено кај единки кои за време на летниот период не успеале да се снабдат со потребната резерва на енергија. Тука спаѓаат неискусните, болните или стари мечки[10]. Некои од коските на пештерските мечки покажуваат присуство на бројни заболувања, вклучувајќи ’рбетно спојување, тумор на коските, гангрена (особено кај младите единки), присуство на цевчести црви (нематоди), рахитис и камења во бубрезите [5]. Кај накои од скелетите на мажјаци е забележано дека е скршена пенисната коска (os penis), најверојатно поради борби за време на сезоната за парење[10]. Должината на животниoт век е непозната, но се претпоставува дека била околу 20 години[2]. Палеонтолозите се сомневаат дека овие мечки имале природни непријатели, освен можеби глутница волци или пештерски хиени кои би нападнале болна или немоќна индивиуа[2]. Се смета дека пештерските хиени се причината за уништување на скелетите на пештерските мечки, бидејќи мршите се одлична храна за овие животни, поготово кон крајот на зимата кога иа недостиг на храна[11].

Пештерската мечка и човекот[уреди | уреди извор]

Археолошките откритија покажуваат дека и покрај големината и силата на пештерските мечки тие често биле плен на луѓето (на Неандарталецот и на луѓето од нашиот вид). Ловците избегнувале контакт со возрасните моќни мажјаци, па затоа најчесто ги напаѓале женките и младите.

Обожување на пештерската мечка[уреди | уреди извор]

Колекции од коски на мечка на неколку локации укажуваат дека можеби Неандарталецот ја обожувал пештерската мечка. Во Драченлок во Швајцарија е пронајден камен ковчег со голем број на мечкини черепи поставени на него. Се верува дека го направиле неандарталицете кои живееле на влезот од оваа пештера. На влезот од пештерата, имало поставено 7 черепи насочени со муцката кон влезот, додека повнатре во пештерата имало уште 6 черепи сместени во вдлабнатини во ѕидот. До овие останки стоеле и снопови од коски од екстремитетите на различни мечки. На ова место е најден и симболот на „Култот на пештерската мечка“. Тое е череп на 3 годишна мечка прободен во образот со коска од нога на помлада мечка. Поставувањето на овие коски од различни мечки се верува дека не е случајно.

Сличен феномен се среќава и во Регурду, јужна Франција. Пронајдена е правоаголна јама која содржела остатоци од најмалку 20 мечки, и била покриена до масивна камена плоча. Останки од неандарталец лежат во близина во слична камена јама, заедно со најразлични објекти како мечкина надлактица, стругало и слично, кои се толкувани како дарови при погребувањето.

Невообичаено откритие е и соба во пештера во Савона, Италија, за која се претпоставува дека е поврзана со обожување на пештерската мечка. Таму има нејасен зооморфичен сталагмит обиколен со глинени топки. Најверојатно било употребувано за церемонии, но фактот дека има мечкини коски расфрлани по подот, укажува дека има голема веројатност да се работи за ритуали и обреди [12].

Причина за изумирање[уреди | уреди извор]

Пештерската мечка најверојатно изумрела пред околу 10 000 години, но сѐ уште не се знае точната причина. Има неколку претпоставки, како намалувањеот на природното живеалиште поради климатските промени, но некои експерти тврдат дека таква причина е невозможна бидејќи овие мечки веќе неколкупати преживеале слични промени. Преголемиот лов не би требало да биде причина поради малиот број на човекови популации во тоа време, но сепак можно е да постоела конкуренција меѓу овие два вида поради животниот простор во пештерите. Според теоријата на палеонтологот Бјорн Куртен, популацијата на пештерски мечки била драстично намалена и пред доаѓањето на ледениот период [2].


Гени[уреди | уреди извор]

Во мај 2005 година, научници од Калифорнија успеаа да изолираат и да декодираат ДНК на пештерска мечка која живеела пред 42 000 – 44 000 години. ДНК била изолирана од заб на животното. Со секвенцирањето на оваа ДНК, научниците идентифицирале 21 ген на пештерската мечка [13].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „пештерска мечка“. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 2008-11-17.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Bieder, Robert (2005). Мечка. стр. страна 192. ISBN 1-86189-204-7. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „bieder“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Loreille, Odile; и др. (2001). „Ancient DNA analysis reveals divergence of the cave bear, Ursus spelaeus, and brown bear, Ursus arctos, lineages“. Current Biology. 11 (3): 200–203. doi:10.1016/S0960-9822(01)00046-X.
  4. Gli orsi spelèi delle Conturines/ Ursus Spelaeus
  5. 5,0 5,1 Brown, Gary (1996). Great Bear Almanac. стр. 340. ISBN 1-55821-474-7.
  6. Pastoureau, Michel (2007). L’ours; Histoire d’un roi dechu. стр. 419. ISBN 2-02-021542-X.
  7. Gli orsi spelèi delle Conturines/ Ursus Spelaeus
  8. 8,0 8,1 „COMPARATIVE DENTAL MICROWEAR ANALYSIS OF CAVE BEARS URSUS SPELAEUS Rosenmüller , 1794 AND BROWN BEARS URSUS ARCTOS Linnaeus , 1758“ (PDF). Scientific Annals, School of Geology Aristotle University of Thessaloniki (AUTH). Посетено на 2008-01-11.
  9. „Prehistoric Cave Bears Weren't So Cuddly After All“. FOXNews. Посетено на 2008-01-11.
  10. 10,0 10,1 Kurten, Bjorn (1968). Pleistocene Mammals of Europe. стр. 325. ISBN 0-202-30953-3. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Bjorn“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. „Prey deposits and den sites of the Upper Pleistocene hyena Crocuta crocuta spelaea (Goldfuss, 1823)in horizontal and vertical caves of the Bohemian Karst“. CAJUSG. DIEDRICH & KARELŽÁK. Посетено на 2008-01-20.
  12. Burial, Ritual, Religion, and Cannibalism
  13. Noonan, James P.; и др. (2005). „Genomic Sequencing of Pleistocene Cave Bears“. Science. 309 (5734): 597–599. doi:10.1126/science.1113485. PMID 15933159.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]