Прејди на содржината

Ледено време

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ледено доба)

Ледено времегеолошки период познат поради значајното намалување на површинската и атмосферската температура на Земјата. Леденa доба претставува важен дел од историјата на Земјата, период во кој настанале мнгу геоморфолошки облици, животински и растителни видови, како и самиот човек. По крајот на ледената доба биле обликувани климатските појаси какви што денес ги познаваме. Денеска, ледот се наоѓа на планинските предели или на Северниот и Јужниот Пол.

Леденa доба е период на долгорочна промена на климата и намалување на температурата на Земјата, како резултат на што се проширил опсегот на поларните ледени делови и на планинските ледници и се појавила континентална ледена покривка по копно.

Максимумот на одмрзнување во текот на последната леденa доба бил пред околу 26 илјади години. Во тоа време нивото на светскиот океан била со 120-135 метри пониско од современото ниво поради тоа што голем дел од водата од хидросферата била во форма на ледени покривки со дебелина 3-4 км. поради тоа, голем дел од денешните плитки мориња како Жолто Море, Северно Море, како и Персискиот и Тајландкиот залив не постоеле, додека други пак биле значително помали.

Во тоа време ледената покривка го опфаќала поголемиот дел од Северна Америка, Скандинавија, северниот дел на Европа и источноевропската рамнина. Со мраз биле покриени Алпите и Хималаите, како и јужните краишта на Јужна Америка и Австралија.

Последната леденa доба завршила помеѓу 15 000 и 10 000 години п.н.е. Исто така познат е податок за паѓање на метеорит во Мексико пред 13 000 години, кој предизвикал масовно изумирање на фауната.

Леденото доба како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]