Геолошки период

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шема на главните геолошки периоди и клучни настани. Еонот хадеј го претставува периодот на Земјата пред фосилните наоди; неговата горна граница е 4,0 Га (пред 4 милијарди години).[1] Другите единици на поделба ја одразуваат еволуцијата на живите организми; архаикот и протерозоикот се еони, а палеозоикот, мезозоикот и кенозоикот се ери во рамките на еонот фанерозоик. Периодот квартар во кои живеат пралуѓето и луѓето е премал за да биде видлив во овој размер.

Геолошката скала е систем на хронолошко изразување на одделните периоди во минатото што ја одразува стратиграфија на Земјата и наоѓа примена во геологијата, палеонтологијата и други науки за Земјата согласно редоследот на позначајни настани во нејзината историја. Поделбите и боите и временските периоди на тука претставената табела се водат според номенклатурата на Меѓународната комисија за стратиграфија (ICS).

Наодите од радиометриско датирање укажуваат на тоа дека Земјата е стара 4,54 милијарди години. Нејзиното „длабоко минато“ е поделено на повеќе периоди во склад разни позначајни настани што го карактеризираат секој период. Периодите исто така се препознаваат и по различниот состав на секој слој, што укажува на крупни биолошки и палеонтолошки збиднувања како масовни изумирања. На пример, границата помеѓу периодите креда и палеоген ја исцртува т.н. „кредопалеогенско изумирање“ го бележи исчезнувањето на диносаурусите и многу други видови на организми. Постарите временски дијапазони за кои нема доверливи фосилни наоди (пред еонот протерозоик) се определени според апсолутна старост.

Терминологија[уреди]

Најголемата постоечка единица за време супереонот, кој се состои од еони. Еоните се делат на ери, кои пак се поделени на периоди, епохи и доба. Поимите еонотем, ератем, систем, оддел (серија) и степен се називи за карпестите слоеви што одговараат на овие геолошки периоди.

Единиците потоа се делат на ран, среден и доцен (за временскиот период) и горен, среден и долен за карпестите слоеви. На пример, долнојурскиот оддел во хроностратиграфијата соодветствува на ранојурската епоха во геохронологијата.[2]

Согласно македонскиот правопис, сите периоди од било кој вид се пишуваат со мала буква.[3]

Геолошките единици од ист период но различен дел од светот изгледаат различно и содржат поинакви фосили, па затоа во минатото добивале различни називи. На пример, во Северна Америка, долниот камбриум се нарекува „вокопски оддел“ што се дели на зони согласно последователноста од трилобити. Во Источна Азија и Сибир пак, истата единица е разделена на степените алексиум, атдабаниум и ботомиум. Клучна улога на комисијата е да ги усогласува нескладните поими за периодите што се поклопуваат, со цел да обезбеди еднообразни геолошки хоризонти за употреба во целиот свет.[4]

Скратена табела на периоди[уреди]

едијакариум палеопротерозоик мезопротерозоик архаик протерозоик фанерозоик преткамбриум

камбриум ордовик девон карбон перм тријас јура креда (период) палеозоик мезозоик кенозоик фанерозоик

палеоцен еоцен олигоцен миоцен плеистоцен палеоген неоген квартар кенозоик

милиони години

Подробна табела на периоди[уреди]

Во табелава се наведени поважните настани и особености на периодите што ја сочинуваат геолошката скала (согласно ICS). Поскорешните периоди се погоре, а постарите подолу. Висината на секој оддел е неповрзана со траењето на периодот.


Шаблон:Геолошка скала-подробна


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Меѓународна комисија за стратиграфија (2008), пров. на 9 март 2009 (англиски)
  2. Хроностратиграфски единици - „Меѓународен стратиграфски водич“, пров. на 14 декември 2009 (англиски)
  3. „Правопис на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно дело. 1991. стр. 41. 
  4. Статут на Меѓународната комисија за стратиграфија, пров. на 26 ноември 2009 (англиски)

Поврзано[уреди]