Carpe diem

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Carpe diem.

Carpe diem (се чита: карпе дием) е фраза од латинска поема од Хорациј (Odes 1.11). Таа вообичаено се преведува како „зграпчи го денот“.

Една интерпретација на фразата може да биде како еден постоечки предупредувачки термин, слично како „јади, пиј и биди среќен, бидејќи утре умираме“ со акцент на тоа да го извадеме максимумот од моменталните прилики бидејќи животот е краток и времето тече. Има некои врски со една друга латинска фраза, Memento mori.

Tu ne quaesieris, scire nefas, quem mihi, quem tibi
finem di dederint, Leuconoe, nec Babylonios
temptaris numeros. ut melius, quidquid erit, pati.
seu pluris hiemes seu tribuit Iuppiter ultimam,
quae nunc oppositis debilitat pumicibus mare
Tyrrhenum: sapias, vina liques et spatio brevi
spem longam reseces. dum loquimur, fugerit invida
aetas: carpe diem quam minimum credula postero.
Левкониј, не прашувај--забрането е да се знае--
каков крај боговите ќе ни дадат мене или тебе. Не играј си ниту со
вавилонско претскажување. Подобро само справи се со што и да излезе на твојот пат.
Дали ќе видиш уште неколку зими или пак последната
што Јупитер ти ја дава е онаа која дури и сега ги завиткува камењата на брегот со брановите
на Тиренското море--биди умен, пиј го твоето вино. Намали ги твоите долги надежи
на кратко време. Дури и додека зборуваме, завидливото време
ни тече нас: зграпчи го денот (carpe diem), и верувај колку што е можно помалку во иднина.

Превод на фразата[уреди]

Carpe diem има некои значења покрај вообичаеното „зграпчи го денот“. Дефинициите за carpo вклучуваат чапам, извлекувам, собирам, грабам дури и во некои контексти патувам. Тука значи нешто како уживам. Тогаш идејата би била да добиеш сè што можеш од „баш сега“, бидејќи не можеш да веруваш дека ќе имаш идни можности.