Век
Век или столетие — временски период од сто последователни години. Во повеќето јазици, како во македонскиот, вековите се именуваат со редни броеви, како на пр. „деветти век н.е.“. Во Европа исклучок се скандинавските јазици, кои вековите ги изразуваат во стотини (на пр. „1900-тите“).
Почеток и крај во грегоријанскиот календар
[уреди | уреди извор]Според грегоријанскиот календар, I век н.е. започнал на 1 јануари 1 г. и завршил на 31 декември 100. II век започнал во 101 г., III век во 201 г. итн. Формулата гласи дека n век започнува во 100×n - 99 година.
I век п.н.е. и н.е.
[уреди | уреди извор]Не постои „нулти век“ помеѓу I век п.н.е. и I век н.е.. Затоа не постои ни 0 година н.е.[1]. јулијанскиот календар „прескокнува“ од 1 п.н.е. на 1 н.е. Првиот век п.н.е. го опфаќа периодот од 100 п.н.е. до 1 п.н.е.. Другите векови пред нашата ера ја следат истата шема.
Датирање во други календарски системи
[уреди | уреди извор]Освен Грегоријанскиот, јулијанскиот календар и хинду календарот користат годишни циклуси за цели, округли временски периоди. Да речеме, хинду календарот користи циклуси од 60 години.
Вековите во астрономскиот систем
[уреди | уреди извор]Астрономското броење на годините што го користат астрономите има и нулта година (0). Затоа првиот век во овој календар ги опфаќа годините 0 до 99, вториот 100 до 199 итн. Меѓутоа за 2000 г. да се смета за прва година од XXI век, астрономската 0 година мора да соодветствува на грегоријанската година 1 п.н.е.
Векот како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Портрет на крајот на векот“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[2]
- „Крајот на векот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Два други система кои немаат верска ориентација се астрономскиот систем и стандардот ISO 8601, и користат нулта година. 1 година п.н.е. е 0 г. во астроносмкиот систем, и 0000 г. во ISO 8601. Денес ISO 8601 датирањето бара употреба на грегоријанскиот календар за сите години, за разлика од астрономскиот систем и датирањето според наша ера, кои дозволуваат употреба на Јулијанснкиот календар за годините пред 1582 CE.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 250.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 234-235.
Белешки наводи
[уреди | уреди извор]- The Battle of the Centuries, Ruth Freitag, Владина печатарска служба на САД. Достапно во Superintendent of Documents, P.O. Box 371954, Pittsburgh, PA 15250- 7954. Рег. бр. 030-001-00153-9.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|