Минута

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Минута (симб. мин, min или ') е мерна единица за време и агол. Таа е 160 од часот или степенот[1] и е поделена на 60 секунди. Во скалата на координирано универзално време (UTC), постојат ретки случаи кајшто минутата има 59 или 61 секунди (престапна секунда). Минутата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со единиците на SI.[2]

Во астрономијата[уреди]

Во астрономијата, минутата е единица за агол, како „минута ректасцензија“. Еднаква е на 160 дел од часот и се дели на 60 секунди ректасцензија.

Земјата се свртува околу својата поларна оска за петнаесет лачни минути во текот на една минута ѕвездено време. Една лачна минута на екваторот е приближно еднаква на една наутичка милја.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „минута“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „Единици вон SI прифатени за употреба со единиците на SI и единици засновани на фундаментални константи“. „Меѓународно биро за тегови и мерки“. http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter4/table6.html. конс. 25 мај 2011.  (англиски)

Лачна минута“ од Ерик В. Вајсштајн - MathWorld (англиски)