Tempus fugit

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изразот „tempus fugit“ на сончев часовник

Tempus fugit - латински израз кој буквално значи „времето бега“, но често се преведува како „времето лета“. Често се користи како натпис на часовниците. За прв пат се појавил во Георгиките на Вергилиј:

Sed fugit interea fugit irreparabile tempus, singula dum capti circumvectamur amore


што во превод значи „Во меѓувреме времето лета: времето лета неповратно, додека ние талкаме како заробеници на нашата љубов кон деталите“.

Изразот обично настојува да ја опише грижата дека нечие ограничено време може да се потроши на работи од мала важност.

Поврзано[уреди | уреди извор]